Придружете се

Браќа и сестри Македонци ,
Почитувани пријатели на Македонија,

Ние Македонците од целиот свет вплотени во нашата организација:
СЕМАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ
– МАКЕДОНИУМ
ве повикуваме да ни се придружите во СеМакедонското Движење за отпор против домашните и странски непријатели кои што 27 години работаат на разнебитување на Македонија како единствена и последна држава на Македонскиот народ .

Во името на основните човечки и национални права и вредности неопходни за опстанокот на секој народ и нација , во името на демократијата , во името на светите идеали за кои се бореле безброј генерации на нашите Македонски претци
ние апелираме до секој од вас да разбере дека опстанокот и напредокот на нашата Македонска држава и нација зависи од сите нас, од нашата национална свест, од нашата љубов кон татковината, од нашата спремност да жртвуваме дел од личното за да го постигнеме заедничкото.

Треба ли да ве потсетиме дека ние Македонците, автохтон народ во нашата татковина Македонија со генерации и генерации сме биле окупирани, колонијализирани, делени, етнички чистени и прогонувани од нашите вековни огништа во Беломорска , Пиринска Македонија, деловите на Македонија кои се под Албанска и Српска окупација? Зарем не ви е јасно , дека тој непрекинат тек на агонија и страдање продолжува до ден денешен со владеењето на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и нивните коалициски партнери ?Зарем не гледате , слушате и доживувате дека со Македонија и во Македонија уште од првиот ден на осамостојувањето владеат не Македонски партии. Управуваат не Македонски институции?
Да беше поинаку зарем немаше да имаме вистински национална политика?
Зарем не ќе имавме поинаква демографска, економска, надворешна и домашна политика?

Прашајте се себеси почитувани браќа и сестри Македонци,
имало ли ваков случај, ваков раскол, ваков погром во нашата понова историја ?

Дали ја осознавате и чувствувате тежината на злото што раководствата на овие политички партии и лидери ја истураат врз Македонија, врз вас , врз сите нас катаден во нашето живеење?

Можете ли да останете рамнодушни додека пред ваши очи овие партии крадат, лажат, потпишуваат ” Договори” и ” Платформи”, преговараат за името, ја менуваат територијалната и демографска мапа на ваша, наша, Македонска штета а во полза на нашите соседи.
Во полза на ЕУ и НАТО кон кои стрмоглаво се стремат да одат не како Македонија, не како Македонски народ туку како нешто сосема туѓо и друго, се за свои лични интереси?! А истите тие ЕУ и НАТО не условуваат за промена на нашето име !

Ние Македонките и Македонците вплотени во МАКЕДОНИУМ сме длабоко убедени дека Македонија и Македонскиот народ има и енергија, и капацитет, и потенцијал, и талент да ја претвори Македонија во држава достојна за почит .Да понуди издржлив излез од сеопштата општествена криза.да изнајде решенија за сите проблеми насобрани за време владеењето на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и нивните “Албански” коалициски партнери.

Запомнете:
Држава што почива на ” договори”, ” платформи” и уцени од меѓународната заедница нема иднина.
Таква Македонија во која како и досега владеат криминал, корупција, мито и слепа партиска послушност нема иднина.
Македонија која паѓа на колена пред секоја уцена и закана на нашите соседи и нивните светски покровители , нема иднина.
Се ближат уште едни локални избори:
Македонија е во хаос: без попис, без вистинска визија за тоа како да се излезе од оваа безизлезност.
И сега, имете повторно ист” избор” за кого да гласате.
Тоа што ќе го изберете, тоа и ќе го имате, ќе го почувствувате врз сопствената кожа.
Ние од МАКЕДОНИУМ ве повикуваме да дојдете со нас.
Без партиски книшки.
Без клетви и заклетви.
Без лажни ветувања.
Без притисоци.
Без парични меници.
Ако верувате во идеалот
МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ,
ако чувствувате дека како Македонци заслужувате поарен живот и иднина,
ако мислите дека вашата судбина треба да е во ваши раце, тогаш дојдете со нас.
Нашата порта е отворена.
Нашата рака е испружена.
Нашето срце и душа е со вас, со секој од вас, од нас каде и да сме како нераскинлив дек од еден народ , со едно име, со еден јазик, со еден идеал:

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ !!

СеМакедонски Национален Совет
-Македониум