ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕДАВСТВАТА ВРЗ МАКЕДОНИЈА !

  • Ден – 31.07.2017
  • Час – 17.00
  • Место – Соборен Храм Св. Климент Охридски, Скопје, МАКЕДОНИЈА

https://www.facebook.com/events/1945227235735779/?active_tab=about

Браќа и сестри Македонци !

Во овие историски моменти на испит е ставена националната свест и љубовта кон татковината! Ордите на злото,повторно се појавија и темните облаци повторно се надвиснaa над Македонија!

Во овие моменти,пред и над се е потребно национално и духовно обединување на Македонскиот народ ! Единство и слога меѓу Македонците,каде и да се во светот! Повикуваме на свест, разум и ставање крај на поделбите по однос на НАЦИОНАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРАШАЊА!

Борбата за македонската кауза се води со векови наназад и секогаш имало,како што има и сега национални предавници, кои сопствениот и личниот интерес го ставаат пред народот и државата!

СеМакедонскиот Национален Совет -Македониум веднаш по формирањето излезе со 18 точки со кои го повика Македонскиот народ на обединување и заеднички став и борба против сето зло што и е нанесено на државата и народот, посебно после осамостојувањето!

Дваесет и шест години сме сведоци на калкулантско однесување на политичките партии кои практикуваа власт, како и на водечките македонски политичари кои константно нанесуваа штета и на народопт и на државата! Нивното политикантство,задкулисни игри,штетни потписи во име на државата,не доведоа до овде! Дојдено е време сите заедно да им кажеме дека е ДОСТА!

Нас како народ, треба да не води идејата, љубовта кон татковината,националните чувства,треба да не води борбата за македонската кауза и зачувувањето на идентитетот, како и семакедонското национално и духовно обединување а не каприците,личните фрустрации и амбиции на поединци,кои сопствените интереси од позиција на власт ги ставија пред интересите на народот и државата!

Колективната Македонска национална свест е приоритет кој секогаш мора да ни биде на прво место!

СТОП ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! СТОП ЗА РАСПРОДАЖБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ОВДЕ НЕМА ПАРТИЈА И ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД ИСТОРИСКА БОРБА ЗА СОПСТВЕНИОТ ОПСТОЈ ! МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ ! ОБЕДИНИ СЕ И ЗАСТАНИ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ДА ИМ ПОКАЖЕМЕ НА 31.07.2017 ГОДИНА, ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЈА ИМА СВОЈАТА ДУХОВНА И НАЦИОНАЛНА СИЛА ! ЗА МАКЕДОНИЈА! ОВДЕ Е ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА И НИ ЧЕКОР ПОНАТАМУ! СТОП ЗА ПРЕДАВСТВАТА ВРЗ МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

СеМакедонски Национален Совет -Македониум

 

Соопштение до Македонската Јавност: 22 Јули 2017

СеМакедонски Национален Совет – МАКЕДОНИУМ : Соопштение до Македонската Јавност:
Денес, 22 Јули, денот на раѓањето на еден од најголемите Македонски синови во историјата на Македонија, Александар Трет Македонски, Претседателството на СеМакедонскиот Национален Совет- МАКЕДОНИУМ во полн меѓународен состав одржа Советување на кое беа разгледувани најакутните состојби во Македонија и нејзиното опкружување. Длабоко засегнати од последните настани во државата, ние во Македониум со намера и желба да изнајдеме оптимални , позитивни и издржани решенија од сеопштата криза сме спремни да го дадеме нашиот полн придонес и во таа насока го повикуваме секој Македонец и Македонка во светот да ни се приклучи во напорот да го овозможиме почетокот на нашето СеМакедонско Национално исцелување без кое што немаме иднина. За таа цел ги донесовме следниве одлуки:
  1. Максимална посветеност на духовното и национално обединување на Македонскиот народ!
  2. Ќе се спротивставиме на секоја намера на сегашнава или било која влада да спроведува анти Македонска Национална политика.
  3. Ќе работиме со сето срце, сиот ум и сиот дух да ја спречиме поразителната психолошка војна на немоќ и дефетизам која ни ја сервираат во јавноста сите досегашни “Македонски ” партии, влади и ” лидери”!
  4. Ќе докажеме дека Македонскио народ е моќени дека е над партиите и политичарите!
  5. Среќни сме што за само еден кус период Македониум прерасна во едно вистинско СеМакедонско Нацинално Движење во кое катаден се влева нова енергија.
  6. Нашата намера е деновиве да оствариме однапред планирани средби со: а) Претседателот Ѓорѓе Иванов б) Со Архиепископот Господин Господин Стефан в) Со Претседателот на МАНУ; Како со претставници на три витално важни институции во државата на кои ќе им ги изнесеме нашите ставови и барања, а посебно нашата загриженост за нивната необјаснива и неоправдана пасивност во време кога во Македонија се случуваат историски превирања. Имаме намера од нив да бараме да ги извршуваат надлежностите и обврските за кои се на тие позиции. Во спротивно ќе го организираме Македонскиот народ во самоодбрана токму онаму каде што потфрлија државните институции. Напоменуваме дека таа одбрана нема да биде само вербална туку согласна со сериозноста со која сме соочени: – Драстични времиња бараат драстични мерки! – Време е да престанеме да пружаме ” пријателска” рака на луѓе, организации, и држави чии што намери кон нас се повеќе од очигледно непријателски! – Време е Домаќинот во Македонија да удри со тупаница на маса и да покаже дека повеќе нема да дозволи понижување и обесчестување на Македонскиит дом!
  7. Информираме дека на денешниот Совет едногласно го избравме Г-н Марк Бранов за В.Д. Генерален Секретар на СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум до Генералното Собрание на 9 Септември годинава.

Нема да дозволиме да живееме во Македонија во која го нема Македонскиот народ! Сме биле, сме и пак ќе бидеме свои на своето! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ! Придружите ни се!

СеМакедонски Национален Совет – Македониум