Архимандритот Никодим Царкњас – симбол на Беломорска Македонија

carknjas

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  – ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, православен монах. Роден е во селото С’ботско, Воденско, Егејска Македонија во 1942. година. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Архимандритот Никодим Царкњас е духовен воин и национален деец кој се бори да го зачува јазикот на својот македонски род.  Поради македонската национална дејност повеќе пати бил апсен. Го издавал весникот „Меглен“, но по интервенција на грчките политичари, било забрането натамошното излегување.

Тој е роден во 1942 година, во селото С’ботско, егејскиот дел на  Македонија.

Во родното место завршува основно и средно образование. По завршување на средното образование се запишува на богословското училиште во Солун, кое се трансформира во Теолошки факултет. По дипломирањето во 1973 година, бил назначен за ѓакон во манасторот „Свети Пантелејмон“ во селото Пателе, Леринско, а малку потоа, на 21 октомври 1973 година отец Никосим Царкњас станал старешина на црквата „Свети Пантелејмон“ во Лерин.

Родното место на архиманд­рит Никодим Царкњас С’ботско со варијантите Суботско, Соботско и Саботско, на грчки, Аридеа и Ардеја е град во Воденско, денес во општината Меглен, во Егејска Македонија. Тоа е градче чиј број на  населението во 2011 година бил  6.561 жител.

Уште како дете, неговите родители го воспитувале да биде добар христијанин и свесен Македонец. Тргнувајќи по стапките на своите родители, тој станува вљубеник во Бога, добар човек, но и горд Македонец. Како свештеник ќе го проповеда Словото Божјо и Исусовите страдања, но, и за страдањата на македонскиот народ. Со пастирска љубов, тој застанува на чело на својот напатен народ за да се справи со проблемите со кои се соочуваат етничките Македонци во Грција.

sv-zlata-meglenska
Црквата „Света Злата Мегленска„ во Соботско

По долги подготовки, во 1978 година Царкњас го објавува весникот „Меглена“, во кој се обработуваа прашања за вработување на жителите од регионот, како и прашања поврзани со животот и историјата на Македонците. Водејќи сметка за актуелната политичка состојба, во списанието се поставуваат и текстови кои не се од интерес за македонскиот народ, што ќе овозможи првите критики од познати личности од политичкиот живот да бидат позитивни. Меѓутоа, набргу реагираат грчките политичари, воените власти и грчката црква. Митрополитот на Лерин и Преспа, Августин, го укорува Царкњас за употребата на името.

Во 1980 година, на свештеничкиот собор во манасторот „Св Параскева“, Катраница (Еordaia), епископот Августин, искажал многу негативни критики за Македонците. На обвинувањата на леринскиот владика дека шири сепаратистички идеи, Царкњас ќе истакне дека тој е обичен Македонец  кој „се бори за правата на Македонците а не за автономија.“

Сепак, искрата која беше фрлена го потпали антимакедонскиот оган, а леринскиот владика одлучува да го отстрани Царкњас од епархијата. На ваквата одлука се спротивставуваат верниците кои собраа повеќе од 500 потписи во одбрана на Царкњас, Тоа ги изненадува грчките власти, па, по обидите да Царкњас да изврши панахида на местата каде што биле закопани Македонците, жртви на Граѓанската војна, како и да богослужи на македонски јазик, леринскиот владика во 1981 година донесува одлука за расчинување на Царкњас. Меѓутоа, уплашен од големата поддршка од светот и реакцијата на верниците, леринскиот владика одлуката за расчинувањето ја депонира, а го принудуваат Царкњас да ја напушти Леринската и Преспанската епархија.

За случувањата во леринската епархија дознава неговиот пријател од студентски денови епископот Амвросиј. кој во недостаток на свештеници му понудува на Царкњас да работи во Кукуш, Веќе во декември истата година Царкњас почнува да служи во епархијата на Кукуш, а во 1982 година, Никодим Царкњас бил примен во служба во Митрополијата во Кукуш. Во првите четири месеци проповеда во Кукуш, а потоа кукушкиот митрополит го назначил за претставник во градот Агиос Атанасиос во 1983 година.

Месното население на Агиос Атанасиос го засакува Никодим Царкњас и топло го прифаќа „бегалецот“, иако е познат како „сепаратист“. Заедно работат напорно да се изгради голема црква, но процесот за елиминација на Царкњас од страна на „Државната информативна служба“ (ДПХ) веќе бил започнат. Како што распадот на Југославија беше се поизгледен, така се засилуваа активностите на грчката тајна полиција.

Царкњас беше следен насекаде, а по домовите беа делени летоци кои имаа за цел да го оцрнат неговото име. Согледувајќи дека со нивните методи немаат резултати и дека месното население нема да го протера „сепаратистот“, ДПХ се обидува преку Црквата да го отстрани „Царкњас“. Иако работи напорно и претставува свештеник за пример, кој во меѓувреме дипломирал и на Теолошкиот факултет во Атина (1987), митрополитот на епархијата на Кукуш под закана од власта „или Царњас или тој“, му испраќа нему писмо во кое го информира дека има намера да го отстрани затоа што бил „опасен за грчкиот дел на Македонија“.

Под притисок на јавноста (протести), Царкњас останува некое време во Кукушката епархија. Но, грчката полиција не мирува и прави секакви обиди за дискредитација на Царкњас. Во специјалната пропагандна војна против Царкњас, грчката полиција на населението му поделува незгодни експлицитни фотографии, по што Грчката православна црква го обвинува за сериозно нарушување на етиката.

sv-zlata-meglenska-2
Внатрешниот дел на црквата „Света Злата Мегленска“

Меѓутоа, населението не наседнува на играта на грчката полиција и фотографиите ги носи на Солунскиот универзитет, каде на посебна работилница се докажува дека се тие добра фотомонтажа. „И слеп човек би видел дека фотографијата е лажна„- ќе изјави на работилницата еден од присутните универзитетски професори.

По осамостојувањето на Република Македонија на 8 септември 1991 година дополнително се загреваат тензиите во Грција и на Новата 1992 година, четириесет грчки полицајци го апсат Царкњас. Иако месното население се спротивставува и со жив штит го брани саканиот свештеник, грчките полицајци со сила влегуваат во Црквата и го апсат Царкњас. Во монтиран политички процес, Царкњас бил осуден условно на шест месеци заради промена на бравите на Црквата. Откако световните власти неможат да се справат со „опасниот сепаратист и агент на Скопје“, Светиот Синод на Грчката православна црква го изнесува случајот пред црковното правосудство.  На 10 март 1992 година, тие го расчинуваат Никодим Царкњас, но дури по една година консултации одлуката станува правосилна. Во меѓувреме, Царкњас веќе станал свештеник на Македонската православна цеква (МПЦ-ОА), со служба во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Кучково, Скопско.

По расчинувањето од ГПЦ, грчката полиција продолжи со оцрнувањето на името на Царкњас, а тој 13 пати бил осудуван за носење на свештеничката мантија. Сепак, и покрај сите препреки, понижувања, осуди, пресуди и лежења по затвори, поради својата богослужба на македонски јазик, Царкњас не се откажал од борбата  за македонските права во Грција.

Во црквата „Св. Злата Мегленска“Царкњас започна да проповеда на македонски јазик. Со тоа ги разбудува националните чуства кај Македонците од егејскиот дел на Македонија. Со тек на времето, бројот на вернците кој на почетокот поради страв бил мал, се зголемува и се’уште се зголемува. Црквата станува симбол на отпор на македонското малцинство во Грција, кое учи да ги почитува своите корени, но истовремено станува и мета на напади на грчките националисти.

sv-gjorgji-kuckovo
„Свети Ѓорѓи“ Кучково, Скопско

Ваквиот став на Грција, ќе инструира деца кои вандалски ќе се однесуваат кон Црквата и неговиот дом во С’ботско, а Царкњас ќе биде осуден во 2004 година на три месеци затвор за воспоставување и работење на Црква без дозвола, а во 2009 година без докази судот го осудува Царкњас на шест месеци затвор за претепување на 12 годишно дете кое во 2002 година фрлало со јајца и камења врз неговиот дом, иако Царкњас само го привел до полициската станица.

Всушност,  сите кои се осмелија јавно да проговорат за македонското прашање во Грција, меѓу кои и Царкњас, се соочија со државниот систем, кои не прифаќаат ништо што е различно од грчкиот национален мит, а кој вели дека во Грција живеат само Грци, главно православни христијани. Затоа, Царкњас станува еден од  иницијаторите кои покреваат постапка пред Судот во Стразбур против државата Грција, за да се овозможи на законски регистрирана Црква во која ќе се богослужи  на македонски јазик и да се овозможи озаконување на сите црковни и духовни активности.

Архимандрит Никодим Царкњас, со својата смиреност и истрајност, посветена работа за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во денешна Северна Грција, станува една од водечките фигури и симбол на движењето за остварување на националните и политичките права на Македонците од Егејска Македонија.За својата заложба за проповeд на македонски јазик, која претставува своевидна борба за зачувување на јазикот на својот род,  културната манифестација „Македонски духовни конаци“ во август 2009 година му го доделува признанието „Духовен воин“.

Веќе 15 години, расчинетиот од ГПЦ, а никогаш формално не примен во МПЦ, отец Никодим Царкњас во Соботско, ја продолжува својата света мисија. Тој е особено присутен меѓу Македонците во Австралија и Канада кои со почит се однесуваат кон овој македонски страдалник и борец за човекови права.

При една неодамнешна посета на Торонто, Никодим Царкња, заедно со авторот на овие редови беа гости на еден македонски  радио час на кои зборуваа за голем број прашања од духовен и национален карактер. Притоа, дедо Царкња, како милуваат Македонците да му се братат, меѓу другото изјави:

„Јас сум многу благодарен, бидејќи кога почнувавме беше многу поинаку, многу потешко но, како одминува времето работите се менуваат. Полека, полека, луѓето се враќаат кон корените, кон традицијата. Почнуваат да доаѓаат во Црквата. Многу сум задоволен од македонската младина, која чита и која ја гледа вистината подобро од нивните дедовци и татковци кои се плашат од грчката пропаганда“, рече Царкњас.

Господ да го чува Никодим Царкњас да истрае во неговата света мисија!

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

http://www.mn.mk/feljton/13444-Arhimandritot-Nikodim-Carknjas-%E2%80%93-simbol-na-Belomorska-Makedonija-12

 

Игор Јанев – Што значи сувереност

“Со преговорите за државното суверено име, нашиве политичари и дипломати повеќе од 25 години се срамат и покажуваат елементарната правна и политичка неписменост! Кога велиме сувереност, тоа не значи само највисока власт над својата државна територија, неприкосновена, неделива, непренослива, односно неотуѓива, туку подразбира НЕЗАВИСНОСТ, политичка и правна од надворешно влијание! Ова подрзбира немешање во СТРОГАТА ВНАТРЕШНА ЈУРИСДИКЦИЈА и немешање во водењето внатрешна и надворешна политика и посебно неинтереферирање во основните правни капацитети на државата, како внатрешно правна и меѓународно-правна личност!”  – Игор Јанев

 

http://www.mkd.mk/kolumni/nimic-neshto-ni-poracha-no-nikoj-ne-go-razbra

 

ДА БИДЕ ЈАСНО !

СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум е формиран како организација заради одбрана на Македонските национални интереси! 

После се што покажаа за 27 години сите кои раководеа со државата, сите кои беа на позиција и кои потпишуваа штетни документи во име на државата и народот, сите кои на Македонскиот народ му наметнаа сиромаштија, сите кои коалицираа со УЧК и сите кои на било кој начин придонесоа за денешнава состојба! Ја урнисаа државата до темел, безбедносно,финансиски и на секој друг начин. Наметнаа граѓански модел кој директно го ништи националниот модел на уредување и денес го добиваме и резултатот и сметката. Се само заради нивната сервилност и неспособност. Македонија ја направија држава без влијателни пријатели во светот, не испокараа со сите, а се однесуваат како се да е во ред и ништо освен нивните лични интереси не беше во преден план. Што е најболно и најмизерно,го предадоа сопствениот народ, истиот оној народ на кој пред избори му одат дома и крајно безобразно го лажат до бесвест. Му наметнаа невидена индоктринација со секакви платеници од наводни новинари, глумат национал патриоти, а се што прават е ниту повеќе,ниту помалку – Најголемо предавство на Македонските национални интереси ! БРОЈОТ НА СОРАБОТНИЦИ НА СТРАНСКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ ВО РАКОВОДСТВАТА НА ПАРТИИТЕ Е ГОЛЕМ ! Затоа и се однесуваат така раководствата нивни и затоа интересите на странците се во преден план! Продадени за пари на странски интереси, за моќ и за власт, на штета на сопствениот народ и држава,на штета на МАКЕДОНИЈА! Почнете од Глигоров,преку Љубчо и Бранко,па се до Груевски и Заев,сите до еден си го дадоа својот допринос за денешнава состојба. Преговараа за името, коалицираа со УЧК, прифатија се што им беше наложено однадвор, вештачки ја сменија демографската слика на Македонија, намерно го втурнаа народот во сиромаштија и беда, за да денес имаме вештачки дестабилизации наметнати однадвор, за да се постигне крајната цел, ништење на Македонскиот идентитет и држава ! Државата на Македонскиот народ !

Денес јавно пред сите кажувам,пред целиот Македонски народ, за да биде јасно и гласно !

За мене,МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ СЕ ПРЕД И НАД СЕ ! НИШТО ПОВЕЌЕ,НИШТО ПОМАЛКУ !

Во овие историски моменти за државата МАКЕДОНИУМОТ е единствениот излез од овој ќорсокак во кој не втурнаа сите гореспоменати и пред бога сум заколнат дека ќе одам до крај со одбраната на МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! По секоја цена ! Немам намера да дозволам коските на прадедо ми,дедо ми,татко ми да се превртуваат во гробот! Исто како што немам намера, после извесно време да се погледнам во огледало и да гледам човек кој не направил ништо,за одбрана на сопствениот идентитет,народ и држава! Немам намера да се погледнам во огледало и да гледам човек кој е претворен во безлична аморфна маса, без идентитет! 

Од тие причини,денес повторно пред целиот Македонски народ ги постирам јавно да се видат 18-те постулати,кои се дел од програмата на МАКЕДОНИУМОТ и кои представуваат единствениот вистински излез за Македонија !

1)ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО И ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ПРЕД ООН ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ОВАА ГОЛГОТА ПО ОДНОС НА ПРАШАЊЕТО НА ИДЕНТИТЕТОТ,СОГЛАСНО ПОВЕЛБИТЕ НА ООН!

2)ВРАЌАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ-СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ ЗА ДРЖАВНО ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

3)СТАВАЊЕ НА ЗЕМСКИОТ ГРБ,ЗЛАТНО ЖОЛТ ЛАВ СО КРУНА НА ГЛАВАТА,НА ЦРВЕН ШТИТ,ЗА ДРЖАВЕН ГРБ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

4)СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ! РЕВИЗИЈА И ПОНИШТУВАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА НА АЛБАНЦИ ОД КОСОВО И АЛБАНИЈА !

5)РЕВИЗИЈА НА СИТЕ ШТЕТНО ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ВО ИМЕ НА ДРЖАВАТА ОД 1990-ТА ГОДИНА НАВАКА И НИВНО ЕДНОСТРАНО ПОНИШТУВАЊЕ!

6)РЕВИЗИЈА НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ,КАКО И КУПОПРОДАЖНИТЕ ДОГОВОРИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ,ПРОДАДЕНИ НА СТРАНЦИ!

7)ПОНИШТУВАЊЕ НА РАМКОВНАТА КАПИТУЛАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И НА ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЖИНО!

8)РЕВИЗИЈА НА ИМОТИТЕ НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО ОД 1990-ТА ГОДИНА ПА НАВАКА!

9)РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО,КАКО И СИТЕ АРТЕФАКТИ И ПИШАНИ ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ДРЖАВАТА!сТАВАЊЕ КРАЈ НА ФАЛСИФИКАТИТЕ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА!

10)ЛУСТРАЦИЈА

11)ВРАЌАЊЕ НА УКРАДЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРИ ВО ИМЕ НА НАРОДОТ ВО БУЏЕТОТ НА ДРЖАВАТА И ПОНИШТУВАЊЕ НА СИТЕ ЗАКОНСКИ НОРМАТИВИ И АКТИ ДОНЕСЕНИ ОД ПАРТИИТЕ,КОИ ПОТТИКНАА СИРОМАШТИЈА И БЕДА НА НАРОДОТ И ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ТОА ДА БИДАТ ИЗНЕСЕНИ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА!

12) УКИНУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА,КАКО ПРАВНО СРЕДСТВО ЗА АМНЕСТИРАЊЕ ОД КРИМИНАЛ,СТОРЕН ОД ПОЗИЦИЈА НА ВЛАСТ!

13)ПОНИШТУВАЊЕ НА АМНЕСТИЈАТА НА УЧК И НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ЗАКОНОТ И ПРАВДАТА ЗА ЗЛОСТОРСТВО СПРЕМА ЧОВЕШТВОТО И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,КАКО И ЗА АГРЕСИЈА ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИВНО ИСФРЛАЊЕ ОД РЕДОВИТЕ НА АРМ И МВР,КАКО И ОД СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ!

14)НОСЕЊЕ НА ЗАКОН ЗА БРАНИТЕЛИТЕ СО КОИ НА ИСТИТЕ ЌЕ ИМ СЕ ДАДАТ ПОСЕБНИ ПРАВА,ЗА ЗАСЛУГИ ЗА ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА И ВОДЕЊЕ ПОСЕБНА ГРИЖА ЗА НИВНИТЕ ФАМИЛИИ !

15)УКИНУВАЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ ПАРТИИ НА МАЛЦИНСТВАТА! ДОКОЛКУ САКААТ ДА ЧЛЕНУВААТ ВО ПАРТИЈА,СЕ ДОЗВОЛУВА ДА ЧЛЕНУВААТ ВО ДРУГИ ПАРТИИ!

16)НОСЕЊЕ НА ЗАКОН СО КОЈ ЕДИНСТВЕНО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НЕГОВОТО КИРИЛСКО ПИСМО СЕ СЛУЖБЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

17)ФОРМИРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ИСЕЛЕНИЦИ,КАКО И ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ГЛАСАЊЕ ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ! ДА СЕ ВОВЕДЕ ГЛАСАЊЕ ВО ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ КАДЕ ШТО ЖИВЕАТ,ПОД НАДЗОР НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБИ АНГАЖИРАНИ ЗА ТОА!ДОДЕЛУВАЊЕ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ПО АВТОМАТИЗАМ НА СЕКОЈ КОЈ Е ПО РОД И ПО КРВ МАКЕДОНЕЦ,БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ!

18)ОБНОВУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК ОД 6 МЕСЕЦИ ЗАРАДИ ОБНОВУВАЊЕ И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ БЕЗБЕДНОСНО-ОДБРАМБЕН СИСТЕМ!

Време е Македонскиот народ да се отргне од партиските спреги и интересите на раководствата на истите и да застане бескомпромисно во одбрана на Македонските национални интереси! Затоа МАКЕДОНИУМОТ повикува на СЕНАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ ! Ние како Македонски народ немаме друга алтернатива и избор и мораме заедно браќа и сестри Македонци,сложно и сите како еден да си го браниме нашето,она што ни е оставено во аманет,мора да си ја браниме МАКЕДОНИЈА! Обединети! Духовно,национално и секако! Македонија е држава на Македонскиот народ! Малцинствата кои живеат во неа си имаат матични држави и тука ќе се стави крај на секакви мешетарења по однос на ова прашање.

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ !

Во Македонија и секаде по светот,каде и да сте,каде и да живеете! Македонија преживува голгота и историски моменти и темните облаци повторно се надвиснати од сите страни! Време е за ставање крај на кавгите и расправиите помеѓу Македонскиот народ! Обединете се во име на националните интереси и покажете на овие темни сили колкава е силата на Македонскиот народ! Колкава е силата на Македонското сонце! МАКЕДОНИУМОТ е сила која ќе ја осетат сите предавници на борбата за Македонската кауза,затоа што Македониумот е Македонскиот народ! Сега е време на национално и духовно помирување и обединување на Македонците и ставање крај на 27-годишната распродажба на Македонските национални интереси! Обединети и сложно како еден, време е Македонија да добие НАРОДНА МАКЕДОНСКА ВЛАСТ, А НЕ ВЛАСТ СОСТАВЕНА ОД КРВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОИ САКААТ ДА НИ ГО УНИШТАТ ИДЕНТИТЕТОТ И ДА НИ ЈА РАСПАРЧАТ ДРЖАВАТА !

ВО ИМЕ НА БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА,МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ,ГИ ПОВИКУВАМ ЈАВНО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ВО МАКЕДОНИЈА И СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ КАДЕ НЕ ИМА,ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ КОН МАКЕДОНИУМОТ, СЕ ДО ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ КАДЕ И ДА Е, ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РАСПРОДАЖБИТЕ И ДЕЛБИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !

МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ!

АР МАКЕДОН !!

Страшко Олумчев

Претседател на 

СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Г-не Претседателе,

Помина повеќе од еден месец, одкако СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум, побара од вас да примите наша делегација, на средба на која директно би разговарале за актуелните случувања, а со намера да ви ги изнесеме нашите видувања по повод на истите.

Од тие причини, со оглед на акутните случувања и во државата и во соседството,со сите засилени кампањи на странските агенди за присвојување на нашата Македонска историја, посебно сега пред 2-ри август,денот на кој се одбележуваат годишнини кои се нераскинлив дел од вековната борба на Македонскиот народ за сопствена држава,јавно ве повикуваме да ги искористите сите механизми кои ви ги дава Уставот на Република Македонија и да се ставите во функција на она за што дадовте заклетва, а тоа е дека ќе ги браните Уставот, интересите на Македонскиот народ и Република Македонија. Интересите на оној истиот народ од кој сте избрани за таа функција.

Ве потсетуваме дека, Македонскиот народ, Македонија , не може да бидат заложник на безрбетната, поданичка и промашена политика и идеологија на еден цел нефункционален, наследен систем на вредности, на еден сеуште жив ментален склоп на однесување чии што корени лежат длабоко закопани во амбициите на раководствата на две политички партии од која што се испилија сите кукавички јајца и чии што потписи во “Охрид” ,”Пржино” и оние што допрва треба да се потпишат сведочат за нивната немоќ да се изборат за максимална одбрана на Македонските национални интереси.

Не си поигрувајте со свеста на Македонскиот народ и националните чувства на истиот. Нашата Македонска историја вам не ви дава комодитет да оставате работите да си течат сами до себе и време е како Претседател на Република Македонија да застанете цврсто во одбрана на Македонските национални интереси и интересите на Македонскиот народ и држава, нешто за што сте избрани и за што имате дадено заклетва. Во овој историски миг на Македонија неопходно и е потребен обединет Македонски народ што ќе ги отфрли сите идеолошки , политички и партиски стеги , ќе се спротивстави на домашните предавства и мешање од надвор во внатрешните работи на Република Македонија. Излезете и јавно кажете им на сите оние кои се обидуваат со векови да ја присвојат нашата историја,дека не можат во недостаток на своја сопствена историја,да градат вештачки континуитет заснован на Македонската историја,која е нераскинлив дел од Македонскиот народ. Добрососедски однос може да се гради само со вистински и искрени пријатели на Македонија, а не со фалсификаторите и негаторите на Македонија и Македонскиот народ!
ИЛИНДЕН и АСНОМ се дел од Македонската борба за независност и самостојност, дел од Македонската борба за сопствена држава на Македонскиот народ и никакви заеднички прослави со Бугарија не доаѓаат во предвид!

Не може Македонскиот народ да биде кривично прогонуван за одбрана на сопствената држава и потребно е вие како Претседател веднаш да ја симнете кривичната одговорност од народот за настаните од 27-ми. Не да ги помилувате,не да ги амнестирате,туку да ја тргнете кривичната одговорност,затоа што одбрана на Македонија не може да се третира како кривично дело. Други се тие кои државата треба да ги земе на одговорност заради подривање на Уставот и законите,заради злосторничко здружување и непријателска дејност против државата. Таквите треба да ги побарате во оние кои беа на потпис во Тирана,таквите треба да ги барате во оние кои со упад и гласање од нога,на сила го поставија Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија,во оние кои со една изјава во Софија и поклон пред споменик на кој пишуваше Цар Самоил -Бугарски Цар,избришаа со еден потег неколку векови Македонска историја и направија чин со кој извршија предавство на Македонија и го признаа фалсификатот кој се прави со векови.

Г-не Претседателе, државата амнестираше терористи кои ја нападнаа и пукаа во неа,кои убиваа Македонски бранители, државата амнестираше лица за сторен државен криминал.

Крајно време е да се дистанцирате комплетно од партиските стеги и бидете она за што сте избрани, Претседател на Република Македонија. Да ги заштитите интересите на Македонскиот народ во сопствената држава,за да останете чист пред самиот себе си и пред народот чии интереси треба да ги застапувате. А не интересите на партиските раководства кои се директни виновници за ова што денес ни се случува.

СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум уште еднаш јавно го повторува барањето за прием кај вас за средба,додека сеуште не е касно и за народот и за државата.

Македонија и Македонскиот народ,не смеат да бидат заложник на туѓите интереси и интересите на домашните предавници.

СеМакедонски Национален Совет
-Македониум

Претседател
Страшко Олумчев

Тешко на Македонија…

“Умислени величини со секакви дипломи да не гледаат од носот подалеку! На Македонија никој рака не и пружа.. Повеќето поскоро би ја удавиле од колку да и помогнат! Од што мислат дека им тече низ уши,а не можат да видат дека се само обични квази патриоти на хартија ! Од такви стигнавме дотука,за да денес отворено и на очи ни ја продаваат и државата и идентитетот секакви лигави спонзоруши на странските агенди !”

crnlav

КОГА КРИВЦИТЕ СЕ ПРАВДАТ !

snsmak

Со години наназад отворено пишував,уште поотворено зборував и тоа кога сите ќутеа и се плашеа да кажат било што! Предупредував и на однесувањето на Груевски и на однесувањето на Заев! Укажував на тоа дека Македонија е вметната во игри раководени од надворешни центри,помогнати со домашните слуги, односно, раководствата на двете сеуште најголеми политички партии во Македонија!

Сите кои ги подржуваа тогаш плукаа со сите сили,бранеа тоа што не може да се брани,тоа што беше толку очигледно да сите останати иако ја знаеја вистината молчеа од страв да кажат збор два за истите работи! Улицата ја користеа за нивните игри и наводни лични пресметки, го влечеа народот со месеци за денес да дојдат до таму од каде нема назад! Ја урнисаа државата со нивната глупавост и суети! Прифакаа секакви уцени само за да опстанат политички и воопшто и не размислуваа за последиците.

Денеска ги добиваме сметките од нивното квази политичко однесување и квази патриотизам на кило за дневно политички потреби и дефокусирање на народот. И пак се однесуваат како да без нив не може,како они да се тие од бога предодредени да му ја кројат судбината на Македонскиот народ и на Македонија со тоа. А не дека не знаат, туку целата нивна поента е во овој момент да се извлечат од кашата која сами си ја запржија уште во Пржино! И се некој им е крив,се некој не знае и они се единствените што знаат (што донекаде е и вистина со оглед на фактот што зад параванот они преговараа и ставаа потписи на штета на државата), а забораваат дека Македонија благодарение на нивните сплетки и интриги стигна дотука. Најбизарно од се , се нивните малоумни изјави дека народот треба да одговара! А за што? Заради нивните глупости дојде до она на 27- ми вечерта во Собранието. Ако има кривци,криви се они двајцата и никој друг!
Сега кривичниот прогон е усмерен онаму каде што најмалце треба. Оти нели не е важно што некои ја пљачкаа државата до бесвест. Не е важно што се однесуваа како народот да е нивни слуга, а они паши. Финансиски го отепаа и му нацртаа изршителите на врата, за да му го земат и тој последниот залак од уста,да зависи од нив,да моли за парче леб,а они да изиграваат доброчинители! Која мизерија ! Фатени за државен криминал се шетаат слободно по улици, аболицирани, амнестирани, терористи, криминалци и секаков олош и најдолна сорта на човечкиот род! Функционери нели,партиски челници, па се сметаат за недопирливи,оти во нив е и стапот, ама и последниот збор за се во државата. Створија уплашен народ во разнебитена држава. Оти хаосот, нередите и дестабилизацијата се нивни заштитен знак и лого ! Врска немаат и двајцата од идеологија ! Патриотизам најмалце ! Се што правеа е распродажба на Македонските национални интереси заради опстанок на власт, ставаа штетни потписи во име на народот и државата и го фрлија народот во безизлез, сиромаштија, беда и очај! И сега пак плачат пред камери ! Сега пак они знаат ! А устата пења ми фати со години наназад,за да се свестат,ако во нив има барем малку човечко!

И времето покажа,дека за се што укажував излегов во право,затоа што не беше тешко да се предвидат нивните постапки, а и резултатите од истите. Некогаш погрешив, ама само за временскиот интервал на случувањата, ама сепак се случи. И сега што ? Пак Груевски ? Пак Заев? Дури и на штета на државата и нашиот идентитет? Неспособни се ! Се што знаат е да преговараат за националните интереси,да попуштаат и да стават нивните потписи на нешто,што во нормалните држави се нарекува предавство! А сите кои не мислат како нив,им лепат етикети од предавници,до кодоши, до секакви платеници и што уште не! Бедни и мизерни,суетни до немај каде,штетни и по државата и народот!
Замислете колкава е штетата од нивното коалицирање со УЧК и кои се резултатите од таквите влади! Цела западна Македонија денес е буквално под окупација. Му ги предадоа општините на Али Ахмети и таму денес закон и ред се он и неговите. Не полицијата,не државата. Што и да се случи,последниот збор го имаат они. Насекаде новоизградени џамии, Албански знамиња на секоја бандера и дрво,споменици на терористи на УЧК, споменици на балисти од втората светска војна ! И сето тоа по заслуга на овие кои беа на власт и кои се фатија на оро со ѓаволот,само за да бидат на власт! А Македонскиот народ, во сопствената држава, отепан и удавен во сиромаштија, фрлен во безнадеж и очај и како што му наметнаа, принуден да го бира помалото од двете зла ! А државата ни се празни од истите причини.Бегаат младите затоа што тука не гледаат никаква перспектива, затоа што му наметнаа црнила, апатија!

Од прв до последен,сите кои беа на власт од осамостојувањето до денес,сите кои коалицираа со нив го дадоа својот придонес за ваквите состојби и правдање тука нема! Дури и за нивното незнаење и неумешност! Како да се протолкува инаку однесувањето нивно, кога се гледа дека се слепи послушници на странски агенди и ништо повеќе од тоа. Фатени во државен криминал,сеуште недокажано во истражна постапка, а Претседателот прогласува аболиција? Значи од старт признаваат дека е вистина. Инаку не може да се протолкува таквиот чин. Како да се разбере фактот дека осуден за криминал.аболиран од Црвенковски (значи и Црвенковски се замеша од позиција на Претседател), истиот оној кој ја продаде Македонија со памфлетот од Тирана,истиот оној кој со една реченица во Софија избриша голем дел од Макеоднската историја и се сложи со Бугарскиот и меѓународниот фалсификат, денес да биде премиер и он да одлучува? Истото важи и за првите што ги спомнав! И не заборавајте, истото го направи и друг поранешен премиер, кој јавно во многу наврати избриша исто дел од Македонската историја, дека сме биле Словени дојдени овде и дека ние сме биле Бугари! Истото што го направи и Киро Панчев Глигоров од позиција на Претседател, оти таа неговата мудра и премудра политика се сведуваше на Ало Белград и насоките примени од Милошевиќ!

Сега јасно ли ви е кој ја водеше и сеуште ја води Македонија и зошто е така,како што е? Кој од кој поголем апатрид и предавник на Македонските национални интереси! И не очекувајте да кажам ништо добро за нив,оти таквите во нормални држави се земаат на одговорност,а не да им се дава власт и да го маваат народот катаден со секакви арачлии и извршители,за да го држат за узда и да му изиграваат авторитети и внесуваат стравопочит!

Македонија е ограбена до бесвест од истите овие луѓе и нивните ешалони на антимакедонштината ! Милијарди се испумпани надвор од државата на нивни приватни сметки по банките во светот, а беа голи и боси кога влегуваа во политиката ! Народни пари украдоа!

Еве му иде крајот и на тоа и сега единствено од народот зависи дали ќе се свести на време и ке стави крај на таквите работи или ќе дозволи до крај да му ја сружат и државата и да му го одземат и идентитетот!

Овие потпишаа документи,со кои се откажаа од Македонците,од нашите браќа и сестри во Пирин,Беломорска Македонија! 1991-ва донесоа Собраниска одлука за прифаќање на сите критериуми,насоки и укажувања од ЕУ и Брисел,во кои една од точките е немешање во внатрешните работи на соседните земји (тоа значи дека се откажаа од барање права за Македонците таму) и се согласија на преговори за името! Го сменија државното знаме без око да им трепне! И сит гласаа за тоа! Земскиот грб никогаш не го изгласаа за државен и што сега уште ќе зборуваме за нивните политики!? Кој од кој поголем предавник на Македонија и Македонскиот народ! До еден! А зборуваат за економија,замислете?? А народот им е гладен,гол и бос и бега кај ќе стигне надвор од Македонија по парче леб! И не им е гајле,оти дополнуваа со гратис државјанства издадени на оние кои немаат никаква врска со Македонија!

Еве го денес резултатот! Државата растресена до темел, терористи и апатриди на власт, комшиите се тепаат кој поскоро да дојде да го овековечи триумфот со крадење на нашата историја (оти немаат нивна,па мора од некаде да украдат нели),а нашиве безкицмењаци се топорат на ТВ пред камери и верглаат за демократски граѓански придобивки и патриотизам од космополитски причини!
Останаа нивните мегафони и свирала од типот на Мирка, Латас, Геро и компанија,кои денеска неумешно се обидуваат да ретерираат од сите лаги кои му ги сервираа на народот и да се рехабилитираат за индоктринацијата која му ја наметнаа на обичниот Македонец со целовечерните приказни за Жолтко и Лутко!
И ова да знаете сите. Пак гнасните пари се во игра кај нив и пак спремаат дестабилизација. Еве го Св. Илија каде е и сами ќе видите на што се се спремни само да одработат она за што се платени. Дестабилизација и хаос им се потребни да одработат нивното што ветија и потпишаа пред странци! Оние истите кои и го копаат гробот на Македонија!

Затоа повторно апелирам до Македонскиот народ,каде и да е во светот и дома,обединувајте се браќа и сестри мои под Македонското знаме и тргнете се од партиските стеги барем за извесен период додека се заврши оваа гнасна игра околу Македонија! Духовно ! Национално! На секој начин,оти само единствени и сложни ќе си ја одбраниме Македонија! Македонскиот народ! Во овие моменти е исправен пред сосптвениот опстанок и во овие историски моменти за нас,ние немаме друга опција освен да си браниме сопственото последно парче Македонска земја! Во спротивно,доколку сега се премолчи,ќе станеме обезличен народ,со обезличена држава и идентитет! Македонија може да опстане само како држава на Македонскиот народ и никако поинаку! Граѓанските глупости и се што оди со тоа е само дел од мозаикот за растурање на Македонската држава и обезличување на Македонскиот народ! МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ И НИЧИЈА ДРУГА! Оние дојдените кои сакаат да бидат на сила државотворен народ,нека повелат кој од каде е дојден!

А на сите вас кои спремате на Св. Илија секави сценарија за дестабилизации, ви порачувам јавно, јасно и гласно! Св. Илија громовникот! И да удри, ќе удри по нечесните и извалканите души ! А тоа сте сите вие кои ја продававте Македонија и Македонскиот народ! Господ да ја чува и брани Македонија !

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ !

Страшко Олумчев

Претседател на
Семакедонски Национален Совет
-Македониум