Нашата Екипа

Страшко Олумчев (Председател) Реѓон – Република Македонија – Роден на 08.05.1970 година во Гевгелија, и живее во Богданци. Во 1990-та година, февруари месец се сретнува со Борис Змејковски и договараат почеток на формирање на ограноци на ВМРО ДПМНЕ во Југоисточна Македонија. Учествува во блокадата на автопатот кај граничниот премин Богородица, чин со кој воедно беше означен почетокот на функционирањето на Светскиот Македонски Конгрес. Учествува на преотестите на Прохор Пчински 1990-та година. Учествува во формирањето на ВМРО ДПМНЕ за Гевгелија, а го иницира и формирањето на ограноците на ВМРО ДПМНЕ за Богданци, Дојран, Валандово, Миравци и околните населени помали места. На изборите 1990-та година е кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ за изборна единица бр.15, каде влегува во вториот круг. Воедно е и член на првиот Централен Управен Одбор на ВМРО ДПМНЕ и учествува на сите состаноци одржани на езерото Младост-Велес и подоцна во градското собрание во Скопје, се до завршувањето на Конгресот на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп – 6/7 април 1991 година. Активно зема учество во организацијата на митингот за СПАС НА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЈНИЦИ. Директно учествува во формирањето на Младинската Унија на ВМРО ДПМНЕ. Денеска е Претседател на СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум.

Нестор Огинар (Потпретседател) – Регион – САД – Роден на 3 ти Фебруари, 1947 година во Скопје, во патриотско семејство на трговци и земјопоседници. Детството и раната младост ја поминува во Гостивар, Тетово и Битола каде што завршува средно образование. Во 1968 година служи воен рок во тогашната ЈНА. Во 1969 година поради идеолошки несогласувања со КПЈ, односно КПМ, преку Виена заминува за Њу Јорк каде завршува факултет за англиски јазик и книжевност со драма на Хантер Колеџ на Градскиот Универзитет во Њу Јорк. Во 1973 година се враќа во Македонија и работи како Професор по англиски во Тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ. Во 1976 година, стапува во брак со Милица, а потоа заедно се селат во Њу Јорк. На Хантер Колеџ завршува Магистратура по англиски јазик и книжевност и потоа се префрла на Приватниот Њу Јорк Универзитет каде се стекнува со диплома Магистер по Филозофија и продолжува со Докторските студии по англиски јазик и книжевност. Од 1988 до пензионирање во 2010 година, работи како Професор по англиски јазик и литература во Њу Јорк. Оженет е за Милица Огинар, Професор ДР. по француски јазик и литература. Татко е на три деца, два сина и ќерка и дедо на две внучиња. Како патриот е активен за Македонската кауза уште од најраното детство и младост. Еден е од основачите на СМК, и негов долгогодишен Потпретседател и Сенатор. Прв задграничен преставник на ВМРО-ДПМНЕ за Северна Америка и член на Советот на Интелектуалците. Во 2002 година, како Претседател на партијата ПОМНИ учествува на Парламентарните избори во сите 6 изборни единици. Потпретседател и соосновач на СеМакедонскиот Национален Совет Македониум. Работел како асоцијативен член на меѓународниот институт на Шилер. Автор ена повеќе статии, есеји, трактати и дела печатени и во САД и во Македонија. Организатор и учесник на повеќе меѓународни конгреси. Организатор и учесник во повеќе протести, митинзи, собири ширум САД, Канада и Македонија. Останува посвете на идеалот за независна, суверена Македонја на Македонците.

Ристо Поповски “Лавот” – Регион – Северна Европа – Роден во село П’пли, Леринско, Беломорска Македонија, на 29.11.1947 година. Сирак уште од детството, татко му Стојан ги оставил коските да му белеат до ден денес на планината Грамос, каде што се воделе нај тешките и најкрвавите борби за ослободување на Македонија. Во офанзивата, која ја водел грчкиот окупатор во 1949 година, неговото семејство било протерано од своето вековно огниште а тој заедно со илјадници други Македонци принудно побегнал прво во Албанија а подоцна во Полска, каде што живеел во повеќе домови за деца за протераните Македонци. Во 1958 година се вратилво Македонија и живеел во Домот за деца на протераните Македонци „11 Октомври” во Скопје сe до 1968 година кога за минал во Германија каде и денденес живее, твори и пишува занеговата мила татковина Македонија како и за македонската кауза. Говори повеќе јазици, а оние што го познаваат го сметаат за публицист, историчар, писател, афирматор и борец за правата на Македонците. „Македонски Сенатор” е титулата која му ја додели „Светскиот Македонски Конгрес” за неговите залагања околу македонската кауза. Ристо е првиот претседател на Македонската заедница „Обединети Македонци” за Средна Германија, основач на Светската организација „Македонски Лавови” и прв нејзин претседател. Поседува најголема архива за Македонија и нејзината историја, библиотека со повеќе од 10,000 книги, достапни до секој Македонец што се занимава со истражување на севкупното историско и културно на след ство од Македонија.

Марк Бранов (Генерален Секретар) – Регион – Канада – Роден во Торонто, Канада во патриотска фамилија со потекло од Леринско и Костурско, Беломорскиот дел на Македонија. Дипломиран е во новинарство од Рајерсон Факултет во Торонто, и има работувано во разни компании во секторот на образување и образување менеџмент за над 17 години, со работно искуство како професор или директор во Канада, Јапонија, Македонија и Индија. Активист за Македонизамот преку повеќе Македонски групи, вклучувајки ОМД-Канада, каде што ги ангажираше Канадските пратеници во Отава и Америчките репресентативци во Вашингтон за Македонската кауза, и бивши председател на Канадско-Македонско Историско Друштво во Торонто, каде што работеше за зачувувањето на Македонската историја во Канада. Истотака, се ангажира со Македонската диаспора како администратор на едно од поголемите Македонски групи на Фејсбук “Viva Macedonia – Да живее Македонија”. Моментало, работи како директор на школо за јазици во Њу Делхи, Индија, за една Канадска фирма. Се вклучува во СНС-Македониум да промовира Македонската кауза, со аксент на суверенитетот и независнотста на Република Македонија како слободна нација-држава на Македонскиот народ без манипулации и интервенции од надворешни сили и окупатори, за фамилиите на паднатите борци од 2001ва година за да видат правда преку прекувањето на Законот на Амнестија за терористите на УЧК, и за човековите права на Македонсците во Егеј, Пирин и други региони на историска Македонија да бидат гарантирани.

Игор Силјаноскиреѓон: Канада – Роден во Охрид во 1972 година, потекнува од семејства со корени од Дебарца и Охридските села Речица и Илино. Основно образование завршува во училиштето “Христо Узунов” во Охрид а средно образование во воено воздухопловниот технички центар во Рајловац, Сараево. После краткотрајна техничка служба во Батајница, Белград, заминува од државата и се иселува во Канада во 1992 година. Во Канада го продолжува своето образование, стекнувајќи универзитетска диплома во областа Меѓународни Односи а потоа и Магистратура во областа на Политичките Науки од универзитетот во Винзор, Онтарио. Игор стекнува универзитетска диплома, Доктор на Економски Науки, при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонија. Игор Силјаноски ја започнува својата кариера во Канада како советник и државен администратор во владата на провинцијата Онтарио. Постанува економист при Министерството за Финансии, консултант за планирање при Министерството за Безбедност и како советник при Министерството за Економски Развој и Трговија. Кариерата ја продолжува како менаџер за политика и комуникации при регионалната стопанска комора на регионот Винзор-Есекс во Југоисточно Онтарио каде работи цели 15 години. Моментално, Игор работи како професор по економија при универзитетот “University of Windsor” и како професор по бизнис при високо-образовната институција “St. Clair College.” Игор се приклучува кон организацијата на СНС Македониум со желба да придонесе за развојот на независна и силна Македонска држава во која ќе владее Македонскиот народ и Македонските идеи и гледишта кон светот.

 

Во изградба