Соопшение (10.12.2017)

Соопшение (10.12.2017)

10 Декември, 2017 година

Денес кога во ООН се одбележува 69 годишнината на Денот на Човековите Права воспоставен во далечната 1948 година , СеМакедонскиот Национален Совет – МАКЕДОНИУМ ја известува македонската и меѓународната јавност дека во тек е легално правна процедура во ООН со која од наша страна се бара воспоставување на дипломатски односи со земји членки на Генералното Собрание со кои сите досегашните влади во Македонија сите до една , поради необјасниви и само ними познати причини ,никогаш не го сториле тоа. Во исти време сакаме да напоменеме дека паралелно со ова се води и процедура за признавање на Македонија под нејзиното историско, национално и уставно име.

Оваа иницијатива е превземена од страна на СМНС- Македониум како дел од повеќе работи со кои сакаме да го направиме тоа што македонските влади, сите до една, свесно и систематски одбиваат да го сторат, а тоа е прекин на “ преговорите” за спорот со името со Грција во рамките на ООН со посредство на Господинот Матју Нимиц и барање на членство под името Република Македонија. Сакаме да ве информираме дека сите земји членки во ООН со кои Македонија има воспоставено дипломатски односи, согласно со принципите и критериумите на Повелбата за човекови Права , ја признаваат и “ Де Факто “ и “ Де Јуре”, сувереноста и независноста на Македонија.

Нашата намера е да ги повикаме сите кои што го делат нашето мислење да ни се придружат во овој принципиелен и морален процес. Ние остануваме доследни и решени да се избориме за сите права што досега и се неправедно и неосновано воскрстени на Македонија и Македонскиот народ. Ве повикуваме , уште еднаш, да ни се придружите во борбата за Човеките Права на Македонија и Македонците.

Со почит,

СеМакедонски Национален Совет – Македониум

Example Letter; sent to 19 UN members without any naming policy towards R. of Macedonia (06.12.2017)

Пример на писмо пратено до 19 ОН членови без позицијата за името на Р. Македонија

Download: ExampleLetter_Georgia_06.12.2017

georgia

 

pg2

 

pg3

 

pg4

Соопштение 29 11 2017

На ден 29.11.2017 година во Ново Село се одржа средба на делегации на СНС МАКЕДОНИУМ и ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН.

Разговарано е за актуелната политичка состојба во Македонија, положбата и состојбата со правата на Македонскиот народ во Пиринска Македонија и Бугарија воопшто,како и за потребата од понатамошно усогласување на активностите и соработката во интерес на Македонскиот народ. Двете делегации предводени од Претседателот на СНС Македониум Г-н Страшко Олумчев и почесниот Претседател на ОМО Илинден Пирин Г-н Стојан Георгиев, зазедоа заеднички став дека овие историски времиња, каде врз Македонскиот народ во Македонија и во соседството се врши невидена пресија и етноцид, неопходно е веднаш да профункционира Генералниот Совет на Македонците и Македонскиот народ каде и да се наоѓа да го крене својот глас против предавствата врз Македонија, асимилаторскиот однос од страна на соседните држави,етноцидот кој се врши врз Македонскиот народ како и против сите обиди за одземање на нашиот идентитет. Во таа смисла договорени се понатамошни заеднички активности и уште една средба на која би се прецизирале сите детали.

СеМакедонскиот Национален Совет- Македониум и ОМО Илинден Пирин го повикуваат Македонскиот народ во Македонија и надвор од Македонија, секаде каде што не има, да се организира и крене на масовни протести против самоволието на антинародната власт во Македонија, во одбрана на нашиот идентитет како народ, да се спротивставиме како народ на одлуката на Синодот на МПЦ и да им дадеме до знаење дека право и тапија на одлука по Македонските национални прашања има само и единствено Македонскиот народ и никој друг !

СеМакедонски Национален Совет – Македониум