23/01/2018 Крени го гласот Македонски народе!

СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум најостро реагира и ги отфрла изјавите на раководството на ВМРО ДПМНЕ дека крајно време е да се најде решение за името, а посебно изјавата на нивниот претседател Мицковски, дека ги охрабрува двете влади за да се изнајде конечно решение. Ова само покажува дека со дадените изјави, со однесувањето, раководството на ВМРО ДПМНЕ директно го подржува Зоран Заев во намерите за обезличување на Македонија и Македонскиот народ!

Јавно ви кажуваме на сите инволвирани во преговорите дека тапијата за Македонија е во рацете на Македонскиот народ и никој нема право да одлучува по истото, како и дека немате никакво морално, политичко, етичко и било какво друго право да се однесувате како Македонија да е ваша приватна сопственост! Вашите задкулисни игри завршија и Македонскиот народ ја увиде вашата дволична политика и политика на предавства врз Македонија! Во името на Македонија и Македонскиот народ ви испраќаме јасна и недвозмислена порака:

Тргнете ги вашите предавнички раце од Македонија и Македонскиот народ ! Не сте вие достојни ни имато Македонија да го спомнете,не пак да се повикувате на народот Македонски! Со тоа што го помагате Зоран Заев и неговата јаничарско- терористичка влада, јасно покажавте кој курс го имате заземено и вашите имиња ќе бидат испишани на столбот на срамот,место одредено за предавниците на Македонија. Вие заедно со СДСМ ја урнисавте Македонската држава и АСНОМ- ските темели на кои почиваше!

СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум ги повикува Македонците каде и да се, да се организираат на масовни протести против предавствата врз Македонија! Ова се историски времиња во кои Македонскиот народ мора да одговори на ваквите предавства врз државата и идентитетот! Национално и духовно обединување на Македонскиот народ во овој момент мора да биде приоритет на секој еден Македонец по крв и по род, каде и да се наоѓа! Крени го гласот Македонски народе и исправи се сложно и обединето против домашните и надворешните непријатели !

Македонија на Македонците !

 

Претс. Страшко Олумчев

СеМакедонски Национален Совет – Македониум

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s