ПИСМО СО БАРАЊА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Господине Ѓорѓе Иванов, …

Ние Македонките и Македонците од СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум, учесници во овој народен протест ве повикуваме по втор пат да ги чуете нашите пораки и барања и да ни одговорите согласно со вашите уставни надлежности на институцијата Претседател која што вие ја претставуватеи извршувате. Сакаме да ви кажеме дека во време кога во нашата држава се случуваат многу работи кои што претставуваат директна закана за нејзиниот физички и политички опстанок, работи кои што произлегуваат од ставовите на сегашната влада, но и од опозицијата, работи кои што се прават во Македонскиот Законодавен Дом од страна на 120 избрани пратеници, вашиот продолжен молк, вашето необјасниво отсатство на Македонската политичка сцена, вашето одбивање да ги вршите уставните обврски, вашата немоќ да го наметнете вашиот авторитет во време кога се загрозени основните Македонски национални интереси: име, идентитет, јазик, историја и култура, не загрижува сите нас повеќе од сé и тоа е една од многуте причини поради која што сме собрани денес овде да ви ги упатиме следниве пораки и прашања:

1. Зошто молчите кога Премиерот Зоран Заев јавно и отворено и на домашна и на меѓународна сцена зборува за планови и намери на неговата влада со кои се заговара промена на нашето национално име?

2. Зошто не излезете во јавноста и како “Татко на Нацијата” јавно да се произнесете со вашиот став околу ова и многу други прашања од критична важност за судбината на Македонија. Зошто одбивате да ја повратите изгубената доверба на Македонскиот народ бо вас и во Македонските институции ?
3. Зошто не принудувате нас, Македонскиот народ да бареме од вас да ја вршите вашата уставна обврска за која сте заколнати.

4. Зошто, како Претседател на Државата не го наметнете вашиот Институционален авторитет кога низ цела држава се одбиваат многу непријатни работи кои што предизвикуваат страв, сомнеж и недоверба кај Македонскиот Народ.

5. Зошто веќе со месеци одбивате да го повикате на одговорност сегашниот Премиер Зоран Заев за сите негови досегашни активности кои што се причина за едно се општествено незадоволство во државата?

6. Господине Иванов, зарем сте заборавиле на гаранциите кои ги побаравте и ги добивте од Зоран Заев како услов за формирање на неговата влада?

7. Зарем заборавате дека вие сте единствениот и последен уставен авторитет кој што може, треба и мора да стави крај на ова не сигурно време што владее во државата?

Господине Иванов, Ете токму заради сето ова и уште за многу работи кои што остануваат не доречени, ние Македонците во оваа Држава подржани од Македонците насекаде по светот се собираме и ќе се собираме овде и насекаде за да бараме од вас да не заборавате дека вие сте Претседател на Македонија и дека вашата одговорност е директно кон Македонскиот Народ кој што ве избрал, а не до партиите и Меѓународната Заедница

Господине Иванов, ние БАРАМЕ од вас да ставите :

1. Крај на мандатот што му го дадовте на Зоран Заев заради тоа што тој флагрантно ги прекрши неговите ветувања до вас, го обесчести потписот што ви го даде, ве изигра вас и Македонскиот Народ и ги прекрши неговите институционални обврски.

2. Бараме од вас да посредувате во отворената и братоубиствена војна што ја водат меѓу себе партиите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и се непосредна и главна закана за стабилноста на државата.

3. Бараме од вас да се изјасните околу големо Албанските дејствија кои што во последно време се се по присутни во државата.

4. Да ставите крај на незаконското мешање на нашите соседи и на Меѓународната Заедница во државата.

5. Бараме од вас да излезете со јавно обраќање до Македонските политички партии со кое ќе забраните учество на било кој политички субјект од државата да учествува на состанокот во Париз, со напомена дека ПРАВО НА ОДЛУКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ И МАКЕДОНИЈА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
6. Бараме од вас да го спречите секој обид за доселување мигранти на територија на Република Македонија што преставува закана со несогледиви последици !

Господине Иванов, Ние Македонскиот Народ, бараме од вас како Претседател на Државата и Врховен Командат да покажете достоинство , карактер, знаење и решеност да ги браните , негувате и унапредувате, пред и над сé, Македонските Национални Интереси и да не им ги потчинувате ниту на ЕУ ниту на НАТО. Ви порачуваме дека, ние Македонците нема да молчиме затоа што молкот не прави соучесници во процесот на дестабилизација на Македонија.

 

– СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s