Одговор на Проф. Др. Игор Јанев на Ристо Никовски околу спорот за името

Одговор на Проф. Др. Игор Јанев на Ристо Никовски во МКД НА 4. Декември 2017. Под насловот: “Нема решение за името преку Генералното собрание на ООН, предлог меморандум”

Во својот краток текст со насловот „Нема решение за името преку Генералното собрание на ООН, предлог“ Ристо Никовски се обидува да критикува мојот пристап со кои се нуди решение за воспоставување уставното име Република Македонија во ООН. Во првиот параграф тој вели дека „Со Игор Јанев веќе сме дебатирале околу (не)можноста Македонија да го реши проблемот со своето оспорувано име преку Генералното собрание на ООН (ГС).“ и дека „неговиот најнов текст објавен на МКД.мк, за жал, не нуди решение.“ Се гледа уште од прва реченица дека Никовски не знаел и непратил писаниа на Игор Јанев, не се работи за „нов“ труд, туку еден драфт направен за потребите на кабинетот на К. Глигоров. уште 1999. г. кои е објавен во во првата половина на 1999 .г. во Нова Македонија. Со други зборови, тој не е најновиот труд, туку најстарата верзија објавена уште 1999. од Слободан Чашуле кои беше Генерален директор на Нова Македонија. Во тоа време во оптек беше и непрецизен израз „референтно име“ бидејки дипломатијата луташе во магла со неразбирање на проблемот со името.

Ристо Никовски потоа во истиот арогантен стил наставува да напага, како да се работи за некој голем експерт за името. Тој вели: „Јанев а апсолутно во право дека Советот за безбедност на ООН ја остави Македонија без целосен меѓународен правен идентитет, дека е тоа понижувачко за земјата бидејќи ја прави нерамноправна на меѓународната сцена, дека се навлегува во областа на нашите неотуѓиви права, дека грчките барања немаат основа во меѓународното право, дека името мора да биде еден од најзначајните приоритети на нашата надворешна политика… Меѓутоа, тој воопшто не е во право кога зборува за „референтно име“ (а ја споменува и кратенката која е бесмислена и навредлива, а ја „измислија“ Грците а не ООН) и за обврската на Македонија да преговара со Грција околу името. Во резолуцијата 817/93 нема ништо од тоа.“ Од овие реченици се гледа дека амбасадор Никовски воопошто не разбира разликата мегу правниот идентитет и правниот субјективитет. Не се работи како сшто вели Ристо Никовски „без целосен правен идентитет“, туку „без целосен правен субјективитет“. Овие појмови тој ги меша, бидејки не разбира дефиниција на правниот субјективитет. Произлегува од критиката на Никовски дека тој незнае ниту елемнтите на правниот субјективитет, а веројатно не разбира поим на мегународно-правната личност. Оттаму, не зачудува дека тој и не знае дека „референцата“ е деноминацијата, и од правна гледна точка не е битно дали рефернацата е во скратената верзија или е во целосна нескратената верзија. Со други зборови следи критика од Никовски, кој за жал со најниско познавање на право (а тој и не е правник) се обидува да полемизира со мене кој сум автор на десетина монографији во областите на мегународното право и дипломатијата. Она што е загрижувачки е дека такво лице без ниту еден научен труд во признаена научната периодика фигурира како „експерт“ за името мегу голем дел од нашиве полуписмени новинари кој креираат домашното јавно мислење.

Понатаму, бедната критика на Никовски продолжува вака: „ Прво, референцата, која гласи „поранешна југословенска Република Македонија“ има мали букви “п“ и “ј“ што значи дека тие не се дел од никакво име. Ако беа, ќе беа големи букви. Второ, СБ на ООН нема никаков мандат ни право некого да прекрстува и затоа референцата не е никаква деноминација, како што Јанев редовно тврди. Таа е некаков код, точно „референца“ како да се ословува нашата земја, бидејќи ја обезличија. Трето, во резолуцијата никаде не се спомнува зборот „преговори“. Така е бидејќи СБ не може од некого да бара да преговара за своето име. Тоа е секако целта на резолуцијата, ама користениот речник е прецизен и за нас – поволен. Нема никаква потреба ние да го влошуваме што, инаку, масовно се прави во земјава.“ За жал Никовски сега сака да ја истакне својата голема дипломатска стручност преку буквите (букви “п“ и “ј“), или нивната карактеристика (голема или мала буква). Ова, по себе не засужува коментар. Исто така од фактот што Никовски не знает за поим „деноминација“ кои е прифатен и во мегународната научна периодика (AJIL, 1999. No1) произлегува дека амбасадорот воошто не барата со основните правни појмови. Во оваа смилса би му советовал да пред да пишува за ваквата стручна тематика прочита некој учебник од областа Вовед во право или Методологија на правото, ако веке нема прочитано ниту еден учебник по мегународното право. Еве да му појасниме на Никовски. Референцата или деноминацијата било како да е напишана, со мали или големи букви, е еднакво нелегална како наметнатиот назив. Ние со резолуцијата на Советот за Безбедност 817 и Резолуцијата на Генералното собрание 47/225 сме принудени да преговараме и во мегувреме да ја носиме референцата односно деноминацијата. Ова е потврдено во мегународната научна периодика (AJIL, 1999. No1) . Понатаму, проблемот со името од 1994. не е веке во надлежност на Советот за Безбедност. Оттаму, проблемот во овој момент не е безбедносно прашање! Ова значи дека ние можеме да го покренем во Генералното собрание на ООН и со потребната политичка воља можеме да воспоставиме уставното име Република Македонија во ООН.

Понатаму, загрижувачки е што Никовски не знае дека разговорите за ваквите прашања од внатрешната јурисдикција се секогасш во дипломатијата ПРЕГОВОРИ, бидејки никој без обврска не би ни помислил да преговата за вкавите уставно дефинирани прашања. Ова се јасно гледа и од пресудата во корист на Македонија, каде на сите места се вели „преговори“, а ниру на едно место во целата пресуда не се спомнува поим „ разговори“.

Понатаму, во следниот пасус, загрижувачки е што Никовски наивно мисли дека „Тоа беше меѓународен заговор против Македонија, без никој да нѐ поддржи.“ , потоа вели „Јанев, меѓутоа, воопшто не е во право дека проблемот можеме да го решиме преку Генералното собрание.“ Одговорот на оваа конструкција од Никовски е следната. Јанев своите заклуцчоци ги објавил во врвните светски списаниа, а Никовски само во своите колумни, претезжно во домакедонски медиуми, каде како што знаеме поминува се. Со ваквите погледи Никовски се обидува да прави авторитет мегу луге кои не се од струка, почнувајки од уметниците како такви од група Македонски манифест, па до функционери од нивото на претседател Иванов, кои како прифесор на Правен факултет нема речиси никакава ескпертиза во обалста на мегународното право. Крунското тнр. „Објаснување” на Никовски е едноставно: “ сѐ додека “случајот“ е во надлежност на Советот за безбедност, Генералното собрание нема никакви ингеренции да постапува. И некој да се обиде да отвори процедура во ГС, од СБ ќе им „јават“ дека сѐ уште трае медијација во нивен ангажман, дека прашањето има безбедносен карактер и – да се држат по страна. ГС нема можност да го игнорира тоа.“ Само од овој став јасно се гледа дека Никовски, не само што не го познава мегународното право, туку воопшто не јапознава ни мегународната политика и дипломатија. Тој едноставно не знае каде е надлежност! Прашање за името не е во надлежност на Совет за безбедност, туку е во надлежност на Секретаријатот на ООН односно на Генесек. Ова прашање за името, со ваквото (не)известување, не е било, ниту е можело да биде во надлежност на Советот за Беѕбедност на ОН. Ке повториме, од 1994, веке не се поднесуваат Извештаии за ова прашање до Советот за Беѕбедност на ООН.

Но, во Македонија домашната главнонеедуцирана или неписмена јавност може и со ваквите глупости да се излаже. Понатаму, Никовски продоложува со иститете небулозни заклучоци. Тој вели: „Договор со Грција, кој би бил и минимално поволен за Македонија, објективно – не е возможен. Затоа, сите наши напори мора да се концентрирани во Њујорк ама во СБ, каде е проблемот и отворен и каде мора да се затвори, а не во ГС.“ Од ова се гледа дека Ристо Никовски, покрај се друго изнесено во претходниот дел за неговите заблуди, не знае дека: Одлуката за носење деноминцаијата (референцата) е направена во Генералното собране, а на предлогот на Советот за безбедност! Со други зборови тие се и таквите се нашиве експерти, од типот Никовски и слични во кабинтетие на премиери и претседатели, кои еве не знаат, ниту кои ни ставил „референцата“, а камоли што треба да се направи.

На крај на оваа комична тнр. „полеика“ Ристо Никовски ниди и решение за името во вид на еден Мемрандум“. Тој предлог меморандум кои бара „вракање“ на името во ООН е како заклучувам целосно нестручно напишан, почнувајк од самиот назив. Имено, ние не „вракаме име“, бидејки се уште немаме име туку само наметната референца или деноминацијата. За да не трошим редови и своето (и ваше) време, ке обрнам внимание дека меморандумот на Никовски бара и „отштета“, од што уште еднаш се гледа крајно непознавање на мегународното право, па и дипломатијата. Од една страна Никовски вели дека во Советот за безбедност не чекаат сили кои се на Грчка страна (претпоставувам САД (според него)) кои ке блокрааат се од наша страна, а од друга страна Никовски очекува да ни излезаат во пресрет токму Генесек и Советот за безбедност! Но понатамошно полемизирање со Никовски е очигледно губење време, и мое и туге. Тој како советник на претходната Власт (претседател или премиер) можеше да иницира акција со таков меморандум.

Но, цел беше да се урне мојот авторитет во областа на името и да се восопотави нов „експерт за името“ лојален на претседател и Иванов и Груевски. Со две-годишно повоторување дека идеите на Игор Јанев не функциоцираат, тој направи алиби претходаната Власт ништо да не прави на овој план, а за себе избори статус „експерт за името“ од доверба на претседателот и ВМРО.

За крај, наместо измислување топла вода од тнр. експерти, Македонската Влада требаше само да ја копира страатегијата на Косово или Палестина односно да ја да премини мојата статегија за колективното признавање на уставното име во ООН.

Она што Ристо Никовски круцијално не го разбира е дека : Споровите за дрзжавното име наможаат да постојат ни во мегинародното право, ниту во мегународната практика . Ова мегутоа, како што можав да приметам, не го разбираат ниту премиерите на Македонија односно државниот врв, вклучувакји го и претседателот Иванов, што се гледа од нивните ставови врзани за преговорите за името односно, односно според нив “разговорите за името“.

2 thoughts on “Одговор на Проф. Др. Игор Јанев на Ристо Никовски околу спорот за името”

  1. DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION

    The General Assembly,

    Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome,

    Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations,

    Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter,

    Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction,

    Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood,

    For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System,

    Decides to extend the membership of the state provisionally refered as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.

    Ми се допаѓа

  2. DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION

    The General Assembly,

    Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome,

    Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations,

    Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter,

    Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction,

    Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood,

    For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System,

    Decides to extend the membership of the state provisionally referred as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s