СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум ја известува јавноста дека со едногласна одлука на Претседателството, ќе покрене постапка пред Уставен суд на Република Македонија ПРОТИВ Законот за двојазичност и ќе го оспори истиот како антиуставен и против интересите на државата, чија постапка беше отпочната вчера во Собранието на Република Македонија со 66 гласа ЗА.
СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум, ги повикува сите политички партии и организации да се спротивстават на секој можен начин на носење на ваков закон,кој во суштина е почеток на повторни измени во Уставот на Република Македонија и редефинирање на државата.
Јасно и гласно ги повикуваме парламентарните политички партии да ја напуштат работата на Собранието и заедно со сите останати вонпарламентарни партии и организации јавно да се приклучат кон протестите за одбрана на Македонските национални и државни интереси !
Најостро се спротивставуваме на мешање на странскиот фактор во Македонија во Македонските национални и внатрешни работи и ЈАСНА ПОРАКА испраќаме до нив дека Македонија и Македонските државни и национални работи се РАБОТА само на Македонскиот народ и никој друг нема право да одлучува по нив !
СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум најбрзо можно продолжува со повеќемесечните протести ПРОТИВ ПРЕДАВСТВАТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ќе ги преземе и сите правно- административни средства за оспорување на секој обид за нанесување штета на Македонските национачни интереси !
Го повикуваме Македонскиот народ да се приклучи на протестите без оглед на партиската припадност, политички и верски убедувања, заради одбрана на Македонија и Македонските национани интереси!
СеМакедонски Национален Совет
– Македониум