Член 7 – Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неготовто кирилско писмо. Во единици на локалната самоуправа во кои како множинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утрврден со закон…
Член 131 – Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско множинство гласови од вкупниот број пратеници. Нацртот за измената на уставот го утврдува Собранието со множинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија. Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско множинство гласови од вкупниот број пратеници. Измената на Уставот ја прогласува Собранието.
Овој криминален предавнички чин, овој криминален закон за јазиците е во спротивност со овие два члена од Уставот на Република Македонија. Криминален и предавнички акт на самоволие, а она што јас се прашувам, до кога мисли ГРУЕВСКИ ДА ГО ПОМАГА ЗАЕВ?
1, За да се поништи членот 7, потребно е да дојде до Уставни измени со предлог и гласање во Собранието.
2. За да дојде до таков чин, потребни им се две третини од гласовите од ВКУПНИОТ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ или најмалку 81 гласови.
3. Овој денес во прва фаза го поминаа со 66 гласа “за.”
4. Прашање е што воопшто бараа пратениците од опозицијата внатре во салата на ваков предавнички акт.
5. Дали тоа значи дека кога ќе дојде денот на гласање за законот ке бидат и они сложни законот да помине.
6. Што треба да значи, “пеглање” на разликите и неуставностите на законот, како што изјави опозицијата, НАМЕСТО ДА ИЗЛЕЗАТ ОД САЛАТА И ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ВАКВО ПРЕДАВСТВО НА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА?