Став, Н. Огинар

Ако ја сакаш Македонија
Мисли како Македонец,
Делувај како Македонец,
Гласај како Македонец
Гласај за Македонија !

Ако после 27 години национална агонија, идеолошка безидејност, стопански криминал, институционална парализа, партиски криминал и соучество во разглобувањето на Македонија како независна, суверена и унитарна држава на Македонскиот народ повторно гласаш за партиите ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ заедно со нивните познати албански коалициски партнери, ти гласаш против Македонија и македонските национални интереси!

И ако ме прашаш за кого треба да гласаш, јас ќе ти речам :
За никој од нив !

Бојкотот е исто така демократско право.

Гласот даден за ” помалото од двете зла” е глас за истото зло.
Тие не го заслужуваат твојот глас и твојата доверба.

Ако се чувствуваш изневерен, понижен, предаден или продаден , тогаш чувај го своето лично и Македонско Достоинство со тоа што нема да бидеш дел од една продолжена политика со која се разнебитуваат сите вредности во Македонија.

Секако,
Наскоро ќе се роди нешто што ќе ти ја врати довербата во системот, во државата, во човекот, во Македонецот и Македонката .
Оваа агонија мора да престане.

Во меѓувреме, ако во некој независен кандидат ги наоѓаш оние вредности што другите ги немаат, гласај за него или за неа.
Но, овие две партии мораат да ја примат пораката дека на нас Македонците ни е ДОСТА од нив!

И за на крај,
Послушај ја својата сопствена совест исчистена и прочистена од нивната подла и нечесна партиска пропаганда со која 27 години го загадуваат македонскиот духовен простор.

Македонија била , опстојувала и ќе опстои и без нив но со буден, освестен, критички и достоинствен гласач.
Со обединет македонски народ што нема да дозволи и понатаму да го лажат, понижуваат и ограбуваат до бескрај.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s