Соопштение

СеМакедонски Национален Совет – Македониум , после одржани разговори и консултации, а во пресрет на локалните избори , известува дека е донесена одлука да се подржат следните кандидати за градоначалници:
1.Јорго Огненовски – Независен кандидат за градоначалник на општина Битола
2.Ѓоко Стрезовски – Кандидат за градоначалник на општина Ресен
3.Стојан Манолев – Независен кандидат за градоначалник на општина Валандово
4.Исмаил Бојда – Кандидат за градоначалник на општина Чаир -Скопје

Одлуката е донесена после одржаните разговори лично со самите кандидати и нивните ветувања дека недвозмислено ќе ги застапуваат интересите на народот и државата, во рамки на своите надлежности во општините, како и со општинските совети на Македониумот кои го дадоа своето мислење во прилог на овие кандидати за градоначалници.

Воедно го известуваме Македонскиот народ, дека после постапката на Иванов со одбивањето да прими заедничка делегација од протестите и да ги ислуша барањата од истите, јасно стана дека Македонија нема Претседател во служба на националните и државните интереси, туку слуга на странски интереси кој со сопственото молчење го одобрува секој потег кој води кон измени во Уставот и разградување на Македонија како држава. Од тие причини ќе биде променет и пристапот и начинот на борбата за зачувување на нашиот идентитет и држава. Протестите ќе продолжат и понатака. За се останато ќе известиме навремено и јавноста ќе биде запознаена со секоја активност на заедничкиот организационен одбор навремено.

Страшко Олумчев, СеМакедонски Национален Совет – Македониум

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s