Соопштение за изборите

Браќа и сестри Македонци,

Со оглед на веќе започнатата кампања за локалните избори, реториката која се користи, како и слоганите кои се појавија, со кои се повикува Македонскиот народ или како што милуваат да ве наречат Граѓаните на Македонија, ние како СеМакедонски Национален Совет – Македониум сме должни да ве потсетиме на некои од фактите и случувањата во државата, а со цел повторно на сцена да стапат лагите и манипулациите и продолжувањето на агонијата во која државата ја внесоа раководствата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како и нивните помали сателит партии, кои и активно и пасивно земаа учество во сите манипулации и игри кои ја доведоа државата до овој степен на национално обезличување.

На Македонија и се подметна секакви уцени, платформи и договори од надвор, кои својата позадина и потпора ја најдоа кај некои од странските амбасадори кои директно се вмешаа во политиката во Македонија. Сервилните раководства на двете најголеми партии ги прифатија истите услови и ја однесоа државата во правец од кој назад нема и доколку Македонскиот народ не се спротивстави масовно на таа агенда, резултатите ќе бидат катастрофални по нас како народ, а и како држава. Албанската платформа наголемо се спроведува, договорот со Бугарија ќе го признае фалсификатот правен од Бугарската Академија на науки и уметности и крадењето на нашата вековна историја, со Грција се заговара исто промена на историјата, како и промена на нашиот национален идентитет. Излегоа со слогани за живот во Македонија, граѓанска десница и слични ни во кој случај издржани слогани,кои служат само и само за дефокусирање на народот. Колку да ви напоменеме само, слоганот НОВА ЕРА, е слоганот на Новиот Светски Поредок, па доколку некој се идентификува со него,подобро ќе биде да се изјасни сега во моментите кога глуми најголем Македонски патриот, зошто ги блокираше и саботираше протестите на Македониумот, во услови кога се вршеа најголемите предавства на Македонија,зошто тогаш молчеше и сега наеднаш пак се појави во име на народот,кој после настаните од 27-ми април го обвини дека е крив и дека сите треба да одговараат,занемарувајчи го фактот дека виновници за тие настани се имињата на две извикани политички фигури во Македонија – Никола Груевски и Зоран Заев, кои потпишуваа секакви договори, го шетаа народот по улици во име на некакви протести, кои ја внесоа државата во криза со нивната лична политика без идеологија и со начинот на политичка реторика,која е приказна сама за себе.

Денеска, Македонија е внесена во позиција да мора да пресече по однос прашањето, дали го сака сопствениот опстанок на светската карта на народи, или го сака опстанокот на две политички фигури кои заедно ја тераат државата во пропаст, по налог на структури од надвор. Заложбите за ЕУ и НАТО, во услови кога и едните и другите не условуваат со промена на името и национално самообезличување, се само доказ дека тие ја нанесоа најголемата штета на Македонија досега и дека со нив не може да се очекува напредок и развој, како и зачувување на националниот идентитет. Раководствата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ немаат повеќе никаков морален, етички, национален и секаков друг кредибилитет да се повикуваат на народот. Ја имаа довербата низ годините и истата ја прокоцкаа со нивното антинационално однесување. На Македонија во овој момент и треба НАЦИОНАЛНА ИДЕОЛОШКА ПРЕРОДБА. Македонија освен МАКЕДОНСКАТА ОПЦИЈА, нема друг избор. Заев и Груевски не се идеологија, нити пак се предводници на борбата за Македонската кауза. Двајцата се само слепи одработувачи по налог на странските агенди, кои и го копаат гробот на Македонија.

Страшко Олумчев, Председател, СеМакедонски Национален Совет-Македониум

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s