Соопштение – Генерален Совет 2017

Соопштение до Македонскиот народ!

На ден 09.09.2017 година во Хотелот Сонце ГА во Прилеп, се одржа 1-от Конгрес на СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум. На Конгресот присуствуваа околу 150 делегати од Македонија,Беломорска Македонија, Пиринска Македонија,како и од САД, Австралија, Канада и Европа.
– За Генерален секретар на СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум е избран Г-н Марк Бранов.
– На предлог на Претседателот на СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум, Г-н Страшко Олумчев формиран е Генерален Совет на Македонците. Генералниот Совет на Македонците во својот состав ќе има:

1. Македонија 4 представници
2. Беломорска Македонија 2 представници
3. Пиринска Македонија 2 представници
4. Албанија 2 представници
5. САД 2 представници
6. Австралија 2 представници
7. Канада 2 представници
8. Европа 2 представници

За таа цел потпишана е Декларација до Македонскиот народ, со потписи на Македонците од сите делови на Македонија, како и од дијаспората, која ви ја доставуваме во прилог. Единствено фалат потписите на Македонците од Албанија кои не известија дека се спречени да дојдат од оправдани причини, со известување од Г-н Никола Ѓурѓај од Тирана и Или Халилај од Пустец- Голо брдо, дека се сложни со Декларацијата и дека земаат учество во Генералниот Совет на Македонците, како тело кое ќе биде обединувачко и единствено кое ќе работи во насока на национално,духовно обединување на Македонците и кое ќе работи во заштита на Македонските национални интереси, секаде каде што има Македонци по род.
По завршувањето на Конгресот, се одржа протест против предавствата на Македонија и Македонскиот народ во центарот на Прилеп, пред спомениците не Александар Македонски и Методија Андонов – Ченто.
СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум повикува на ЗАЕДНИЧКИ СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ на денот на гласањето за двојазичност. Го повикуваме Македонскиот народ, сите организации,здруженија и партии на заедничка организација на овој протест, заради спречување на изгласување на ваков закон кој официјално Македонија ќе ја внесе во бинационалност и уште промени во Уставот. Ваквиот чин представува растурање на државата до темел и невидено предавство на националните интереси.

СеМакедонски Национален Совет
– Македониум

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s