МАКЕДОН И УМ (Проф. Нестор Огинар)

Драги Македонки и Македонци,

Нашата заедничка Македонска судбина со генерации не има ставано во многу искушенија и еве сега и оваа наша жива генерација оди низ едно од најголемите такви искушенија. Исправени сме пред еден огромен историски предизвик кој што можеме да го совладаме единствено ако се обединиме во духот и телото на нашата страдална Мајка Македонија.

Денес , кога многу од вас се собравте тука да го кренете својот глас против сите неправди и предавства од страна на оваа власт, како в’прочем и претходната: бидејќи сите тие се исти во предавството, би сакал да ве потсетам дека со вас тука се иљадници Македонци од целиот свет со генерации прогонувани од сите краеви на поделена Македонија. Тие Македонци ви го порачуваат следново:

Браќа и Сестри, Свесни сме за се што се случува. Свесни сме дека не постои дом во Македонија од каде што не ви отишол некој од најмилите. Затоа сите ние како нераскинлив дел од еден народ, каде и да сме ја чувствуваме вашата тага. Ја делиме вашата мака. Кога вас ве тепаат, и ние носиме модрици. Кога вас ве боцкаат, и ние крвариме. Кога вие плачете, и ние лееме солзи. Кога вие се смеете и ние се радуваме. Така е затоа што сите сме дел од еден народ, од една земја, од ист корен, со ист јазик , со иста вера, под едно Сонце, со едно име: МАКЕДОНИЈА.

Сакаме да знаете дека Крикот на Македонскиот Народ од врвот на Голготата се разлева низ сите меридијани на светот. Безочното Насилството што врз Македонија и Македонците го прават партиите и домашните квислиншки власти е пострашно дури и од тоа на странските душмани. Единствен начин да им се спротивставиме и на домашните предавници и на Евро- Атлантскиот империјалистички бран е да ја ослободиме во нас безвремената енергија на Македонскиот идеализам како што во свое време тоа го правеше Крсте Петков Мисирков и плејадата на Македонските преродбеници. Само таа енергија, само тој идеализам ќе може да му ја престави вистинската слика за нас на модерниов свет заробен во рамките на ЕУ и НАТО.

Светот мора да разбере дека Македонија постои надвор од сите рамки и договори , а Македонскиот народ ќе ги бара своите права за сите историски неправди што му се направени и во Грција, и во Бугарија, и во Србија, и во Албанија. Постои Македонска Црвена Линија . Таа е напишана со крвта на генерации Македонки и Македонци во транс- историската димензија на нашата Македонска Голгота . Време е целиот свет да ја чуе Македонската приказна раскажана со устата на Македонскиот народ. Не не плашат сите уцени и закани. Нашата порака до сите наши негатори е следнава: ” Кои и да сте, какви и да сте, колку силни и моќни да сте , вие никогаш нема да го покорите нашиот Македонски Дух!” ”

Ние нема никогаш да дозволиме да живееме во свет во кој што ја нема Македонија и Македонскиот народ”! Да се обединиме во дух и тело сите заедно , и со еден глас да му кажеме на целиот свет дека: Македонија е нашето Име и Идентитет, нашата Гордост и Достоинство!

Професор Нестор Огинар, Њу Јорк

One thought on “МАКЕДОН И УМ (Проф. Нестор Огинар)”

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s