Соопштение до Македонската Јавност: 22 Јули 2017

СеМакедонски Национален Совет – МАКЕДОНИУМ : Соопштение до Македонската Јавност:
Денес, 22 Јули, денот на раѓањето на еден од најголемите Македонски синови во историјата на Македонија, Александар Трет Македонски, Претседателството на СеМакедонскиот Национален Совет- МАКЕДОНИУМ во полн меѓународен состав одржа Советување на кое беа разгледувани најакутните состојби во Македонија и нејзиното опкружување. Длабоко засегнати од последните настани во државата, ние во Македониум со намера и желба да изнајдеме оптимални , позитивни и издржани решенија од сеопштата криза сме спремни да го дадеме нашиот полн придонес и во таа насока го повикуваме секој Македонец и Македонка во светот да ни се приклучи во напорот да го овозможиме почетокот на нашето СеМакедонско Национално исцелување без кое што немаме иднина. За таа цел ги донесовме следниве одлуки:
  1. Максимална посветеност на духовното и национално обединување на Македонскиот народ!
  2. Ќе се спротивставиме на секоја намера на сегашнава или било која влада да спроведува анти Македонска Национална политика.
  3. Ќе работиме со сето срце, сиот ум и сиот дух да ја спречиме поразителната психолошка војна на немоќ и дефетизам која ни ја сервираат во јавноста сите досегашни “Македонски ” партии, влади и ” лидери”!
  4. Ќе докажеме дека Македонскио народ е моќени дека е над партиите и политичарите!
  5. Среќни сме што за само еден кус период Македониум прерасна во едно вистинско СеМакедонско Нацинално Движење во кое катаден се влева нова енергија.
  6. Нашата намера е деновиве да оствариме однапред планирани средби со: а) Претседателот Ѓорѓе Иванов б) Со Архиепископот Господин Господин Стефан в) Со Претседателот на МАНУ; Како со претставници на три витално важни институции во државата на кои ќе им ги изнесеме нашите ставови и барања, а посебно нашата загриженост за нивната необјаснива и неоправдана пасивност во време кога во Македонија се случуваат историски превирања. Имаме намера од нив да бараме да ги извршуваат надлежностите и обврските за кои се на тие позиции. Во спротивно ќе го организираме Македонскиот народ во самоодбрана токму онаму каде што потфрлија државните институции. Напоменуваме дека таа одбрана нема да биде само вербална туку согласна со сериозноста со која сме соочени: – Драстични времиња бараат драстични мерки! – Време е да престанеме да пружаме ” пријателска” рака на луѓе, организации, и држави чии што намери кон нас се повеќе од очигледно непријателски! – Време е Домаќинот во Македонија да удри со тупаница на маса и да покаже дека повеќе нема да дозволи понижување и обесчестување на Македонскиит дом!
  7. Информираме дека на денешниот Совет едногласно го избравме Г-н Марк Бранов за В.Д. Генерален Секретар на СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум до Генералното Собрание на 9 Септември годинава.

Нема да дозволиме да живееме во Македонија во која го нема Македонскиот народ! Сме биле, сме и пак ќе бидеме свои на своето! МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ! Придружите ни се!

СеМакедонски Национален Совет – Македониум

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s