ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Г-не Претседателе,

Помина повеќе од еден месец, одкако СеМакедонскиот Национален Совет – Македониум, побара од вас да примите наша делегација, на средба на која директно би разговарале за актуелните случувања, а со намера да ви ги изнесеме нашите видувања по повод на истите.

Од тие причини, со оглед на акутните случувања и во државата и во соседството,со сите засилени кампањи на странските агенди за присвојување на нашата Македонска историја, посебно сега пред 2-ри август,денот на кој се одбележуваат годишнини кои се нераскинлив дел од вековната борба на Македонскиот народ за сопствена држава,јавно ве повикуваме да ги искористите сите механизми кои ви ги дава Уставот на Република Македонија и да се ставите во функција на она за што дадовте заклетва, а тоа е дека ќе ги браните Уставот, интересите на Македонскиот народ и Република Македонија. Интересите на оној истиот народ од кој сте избрани за таа функција.

Ве потсетуваме дека, Македонскиот народ, Македонија , не може да бидат заложник на безрбетната, поданичка и промашена политика и идеологија на еден цел нефункционален, наследен систем на вредности, на еден сеуште жив ментален склоп на однесување чии што корени лежат длабоко закопани во амбициите на раководствата на две политички партии од која што се испилија сите кукавички јајца и чии што потписи во “Охрид” ,”Пржино” и оние што допрва треба да се потпишат сведочат за нивната немоќ да се изборат за максимална одбрана на Македонските национални интереси.

Не си поигрувајте со свеста на Македонскиот народ и националните чувства на истиот. Нашата Македонска историја вам не ви дава комодитет да оставате работите да си течат сами до себе и време е како Претседател на Република Македонија да застанете цврсто во одбрана на Македонските национални интереси и интересите на Македонскиот народ и држава, нешто за што сте избрани и за што имате дадено заклетва. Во овој историски миг на Македонија неопходно и е потребен обединет Македонски народ што ќе ги отфрли сите идеолошки , политички и партиски стеги , ќе се спротивстави на домашните предавства и мешање од надвор во внатрешните работи на Република Македонија. Излезете и јавно кажете им на сите оние кои се обидуваат со векови да ја присвојат нашата историја,дека не можат во недостаток на своја сопствена историја,да градат вештачки континуитет заснован на Македонската историја,која е нераскинлив дел од Македонскиот народ. Добрососедски однос може да се гради само со вистински и искрени пријатели на Македонија, а не со фалсификаторите и негаторите на Македонија и Македонскиот народ!
ИЛИНДЕН и АСНОМ се дел од Македонската борба за независност и самостојност, дел од Македонската борба за сопствена држава на Македонскиот народ и никакви заеднички прослави со Бугарија не доаѓаат во предвид!

Не може Македонскиот народ да биде кривично прогонуван за одбрана на сопствената држава и потребно е вие како Претседател веднаш да ја симнете кривичната одговорност од народот за настаните од 27-ми. Не да ги помилувате,не да ги амнестирате,туку да ја тргнете кривичната одговорност,затоа што одбрана на Македонија не може да се третира како кривично дело. Други се тие кои државата треба да ги земе на одговорност заради подривање на Уставот и законите,заради злосторничко здружување и непријателска дејност против државата. Таквите треба да ги побарате во оние кои беа на потпис во Тирана,таквите треба да ги барате во оние кои со упад и гласање од нога,на сила го поставија Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија,во оние кои со една изјава во Софија и поклон пред споменик на кој пишуваше Цар Самоил -Бугарски Цар,избришаа со еден потег неколку векови Македонска историја и направија чин со кој извршија предавство на Македонија и го признаа фалсификатот кој се прави со векови.

Г-не Претседателе, државата амнестираше терористи кои ја нападнаа и пукаа во неа,кои убиваа Македонски бранители, државата амнестираше лица за сторен државен криминал.

Крајно време е да се дистанцирате комплетно од партиските стеги и бидете она за што сте избрани, Претседател на Република Македонија. Да ги заштитите интересите на Македонскиот народ во сопствената држава,за да останете чист пред самиот себе си и пред народот чии интереси треба да ги застапувате. А не интересите на партиските раководства кои се директни виновници за ова што денес ни се случува.

СеМакедонскиот Национален Совет-Македониум уште еднаш јавно го повторува барањето за прием кај вас за средба,додека сеуште не е касно и за народот и за државата.

Македонија и Македонскиот народ,не смеат да бидат заложник на туѓите интереси и интересите на домашните предавници.

СеМакедонски Национален Совет
-Македониум

Претседател
Страшко Олумчев

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s