КОГА КРИВЦИТЕ СЕ ПРАВДАТ !

snsmak

Со години наназад отворено пишував,уште поотворено зборував и тоа кога сите ќутеа и се плашеа да кажат било што! Предупредував и на однесувањето на Груевски и на однесувањето на Заев! Укажував на тоа дека Македонија е вметната во игри раководени од надворешни центри,помогнати со домашните слуги, односно, раководствата на двете сеуште најголеми политички партии во Македонија!

Сите кои ги подржуваа тогаш плукаа со сите сили,бранеа тоа што не може да се брани,тоа што беше толку очигледно да сите останати иако ја знаеја вистината молчеа од страв да кажат збор два за истите работи! Улицата ја користеа за нивните игри и наводни лични пресметки, го влечеа народот со месеци за денес да дојдат до таму од каде нема назад! Ја урнисаа државата со нивната глупавост и суети! Прифакаа секакви уцени само за да опстанат политички и воопшто и не размислуваа за последиците.

Денеска ги добиваме сметките од нивното квази политичко однесување и квази патриотизам на кило за дневно политички потреби и дефокусирање на народот. И пак се однесуваат како да без нив не може,како они да се тие од бога предодредени да му ја кројат судбината на Македонскиот народ и на Македонија со тоа. А не дека не знаат, туку целата нивна поента е во овој момент да се извлечат од кашата која сами си ја запржија уште во Пржино! И се некој им е крив,се некој не знае и они се единствените што знаат (што донекаде е и вистина со оглед на фактот што зад параванот они преговараа и ставаа потписи на штета на државата), а забораваат дека Македонија благодарение на нивните сплетки и интриги стигна дотука. Најбизарно од се , се нивните малоумни изјави дека народот треба да одговара! А за што? Заради нивните глупости дојде до она на 27- ми вечерта во Собранието. Ако има кривци,криви се они двајцата и никој друг!
Сега кривичниот прогон е усмерен онаму каде што најмалце треба. Оти нели не е важно што некои ја пљачкаа државата до бесвест. Не е важно што се однесуваа како народот да е нивни слуга, а они паши. Финансиски го отепаа и му нацртаа изршителите на врата, за да му го земат и тој последниот залак од уста,да зависи од нив,да моли за парче леб,а они да изиграваат доброчинители! Која мизерија ! Фатени за државен криминал се шетаат слободно по улици, аболицирани, амнестирани, терористи, криминалци и секаков олош и најдолна сорта на човечкиот род! Функционери нели,партиски челници, па се сметаат за недопирливи,оти во нив е и стапот, ама и последниот збор за се во државата. Створија уплашен народ во разнебитена држава. Оти хаосот, нередите и дестабилизацијата се нивни заштитен знак и лого ! Врска немаат и двајцата од идеологија ! Патриотизам најмалце ! Се што правеа е распродажба на Македонските национални интереси заради опстанок на власт, ставаа штетни потписи во име на народот и државата и го фрлија народот во безизлез, сиромаштија, беда и очај! И сега пак плачат пред камери ! Сега пак они знаат ! А устата пења ми фати со години наназад,за да се свестат,ако во нив има барем малку човечко!

И времето покажа,дека за се што укажував излегов во право,затоа што не беше тешко да се предвидат нивните постапки, а и резултатите од истите. Некогаш погрешив, ама само за временскиот интервал на случувањата, ама сепак се случи. И сега што ? Пак Груевски ? Пак Заев? Дури и на штета на државата и нашиот идентитет? Неспособни се ! Се што знаат е да преговараат за националните интереси,да попуштаат и да стават нивните потписи на нешто,што во нормалните држави се нарекува предавство! А сите кои не мислат како нив,им лепат етикети од предавници,до кодоши, до секакви платеници и што уште не! Бедни и мизерни,суетни до немај каде,штетни и по државата и народот!
Замислете колкава е штетата од нивното коалицирање со УЧК и кои се резултатите од таквите влади! Цела западна Македонија денес е буквално под окупација. Му ги предадоа општините на Али Ахмети и таму денес закон и ред се он и неговите. Не полицијата,не државата. Што и да се случи,последниот збор го имаат они. Насекаде новоизградени џамии, Албански знамиња на секоја бандера и дрво,споменици на терористи на УЧК, споменици на балисти од втората светска војна ! И сето тоа по заслуга на овие кои беа на власт и кои се фатија на оро со ѓаволот,само за да бидат на власт! А Македонскиот народ, во сопствената држава, отепан и удавен во сиромаштија, фрлен во безнадеж и очај и како што му наметнаа, принуден да го бира помалото од двете зла ! А државата ни се празни од истите причини.Бегаат младите затоа што тука не гледаат никаква перспектива, затоа што му наметнаа црнила, апатија!

Од прв до последен,сите кои беа на власт од осамостојувањето до денес,сите кои коалицираа со нив го дадоа својот придонес за ваквите состојби и правдање тука нема! Дури и за нивното незнаење и неумешност! Како да се протолкува инаку однесувањето нивно, кога се гледа дека се слепи послушници на странски агенди и ништо повеќе од тоа. Фатени во државен криминал,сеуште недокажано во истражна постапка, а Претседателот прогласува аболиција? Значи од старт признаваат дека е вистина. Инаку не може да се протолкува таквиот чин. Како да се разбере фактот дека осуден за криминал.аболиран од Црвенковски (значи и Црвенковски се замеша од позиција на Претседател), истиот оној кој ја продаде Македонија со памфлетот од Тирана,истиот оној кој со една реченица во Софија избриша голем дел од Макеоднската историја и се сложи со Бугарскиот и меѓународниот фалсификат, денес да биде премиер и он да одлучува? Истото важи и за првите што ги спомнав! И не заборавајте, истото го направи и друг поранешен премиер, кој јавно во многу наврати избриша исто дел од Македонската историја, дека сме биле Словени дојдени овде и дека ние сме биле Бугари! Истото што го направи и Киро Панчев Глигоров од позиција на Претседател, оти таа неговата мудра и премудра политика се сведуваше на Ало Белград и насоките примени од Милошевиќ!

Сега јасно ли ви е кој ја водеше и сеуште ја води Македонија и зошто е така,како што е? Кој од кој поголем апатрид и предавник на Македонските национални интереси! И не очекувајте да кажам ништо добро за нив,оти таквите во нормални држави се земаат на одговорност,а не да им се дава власт и да го маваат народот катаден со секакви арачлии и извршители,за да го држат за узда и да му изиграваат авторитети и внесуваат стравопочит!

Македонија е ограбена до бесвест од истите овие луѓе и нивните ешалони на антимакедонштината ! Милијарди се испумпани надвор од државата на нивни приватни сметки по банките во светот, а беа голи и боси кога влегуваа во политиката ! Народни пари украдоа!

Еве му иде крајот и на тоа и сега единствено од народот зависи дали ќе се свести на време и ке стави крај на таквите работи или ќе дозволи до крај да му ја сружат и државата и да му го одземат и идентитетот!

Овие потпишаа документи,со кои се откажаа од Македонците,од нашите браќа и сестри во Пирин,Беломорска Македонија! 1991-ва донесоа Собраниска одлука за прифаќање на сите критериуми,насоки и укажувања од ЕУ и Брисел,во кои една од точките е немешање во внатрешните работи на соседните земји (тоа значи дека се откажаа од барање права за Македонците таму) и се согласија на преговори за името! Го сменија државното знаме без око да им трепне! И сит гласаа за тоа! Земскиот грб никогаш не го изгласаа за државен и што сега уште ќе зборуваме за нивните политики!? Кој од кој поголем предавник на Македонија и Македонскиот народ! До еден! А зборуваат за економија,замислете?? А народот им е гладен,гол и бос и бега кај ќе стигне надвор од Македонија по парче леб! И не им е гајле,оти дополнуваа со гратис државјанства издадени на оние кои немаат никаква врска со Македонија!

Еве го денес резултатот! Државата растресена до темел, терористи и апатриди на власт, комшиите се тепаат кој поскоро да дојде да го овековечи триумфот со крадење на нашата историја (оти немаат нивна,па мора од некаде да украдат нели),а нашиве безкицмењаци се топорат на ТВ пред камери и верглаат за демократски граѓански придобивки и патриотизам од космополитски причини!
Останаа нивните мегафони и свирала од типот на Мирка, Латас, Геро и компанија,кои денеска неумешно се обидуваат да ретерираат од сите лаги кои му ги сервираа на народот и да се рехабилитираат за индоктринацијата која му ја наметнаа на обичниот Македонец со целовечерните приказни за Жолтко и Лутко!
И ова да знаете сите. Пак гнасните пари се во игра кај нив и пак спремаат дестабилизација. Еве го Св. Илија каде е и сами ќе видите на што се се спремни само да одработат она за што се платени. Дестабилизација и хаос им се потребни да одработат нивното што ветија и потпишаа пред странци! Оние истите кои и го копаат гробот на Македонија!

Затоа повторно апелирам до Македонскиот народ,каде и да е во светот и дома,обединувајте се браќа и сестри мои под Македонското знаме и тргнете се од партиските стеги барем за извесен период додека се заврши оваа гнасна игра околу Македонија! Духовно ! Национално! На секој начин,оти само единствени и сложни ќе си ја одбраниме Македонија! Македонскиот народ! Во овие моменти е исправен пред сосптвениот опстанок и во овие историски моменти за нас,ние немаме друга опција освен да си браниме сопственото последно парче Македонска земја! Во спротивно,доколку сега се премолчи,ќе станеме обезличен народ,со обезличена држава и идентитет! Македонија може да опстане само како држава на Македонскиот народ и никако поинаку! Граѓанските глупости и се што оди со тоа е само дел од мозаикот за растурање на Македонската држава и обезличување на Македонскиот народ! МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ И НИЧИЈА ДРУГА! Оние дојдените кои сакаат да бидат на сила државотворен народ,нека повелат кој од каде е дојден!

А на сите вас кои спремате на Св. Илија секави сценарија за дестабилизации, ви порачувам јавно, јасно и гласно! Св. Илија громовникот! И да удри, ќе удри по нечесните и извалканите души ! А тоа сте сите вие кои ја продававте Македонија и Македонскиот народ! Господ да ја чува и брани Македонија !

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ !

Страшко Олумчев

Претседател на
Семакедонски Национален Совет
-Македониум