18 Начела

1) ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО И ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ПРЕД ООН ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ОВАА ГОЛГОТА ПО ОДНОС НА ПРАШАЊЕТО НА ИДЕНТИТЕТОТ, СОГЛАСНО ПОВЕЛБИТЕ НА ООН!

– Македонија е исправена пред својата последна историска битка за својот идентитет и опстанок како нација, за одбрана на својаа државност, суверенитет и интегритет. Континуираните обиди за промена на нашето вековно име, за промена на идентитетот од страна на надворешни сили и влијанија, потпомогнати од домашни слуги и предавници,кои од позиција на власт, било државна, било партиска, си земаа за право да се стават како единствени кои го имат правото да одлучуват во име на народот, да коалицират со непријателите на Македонија кои убиваа, палеа Македонски синови,кои ја нападна државата од протекторатот Косово, логистички и политички поддржани од надворешниот фактор, кој дестабилизација на Македонската држава ја има во своите агенди, како пред фактор за ништење на нашиот идентитет и нација. Од тие причини, посебно земено во предвид вештачки наметнатиот проблем со името и идентитетот, како и со се останато од 1991-ва година до денес, а со цел утврдување на нашите МАКЕДОНСКИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ од кои никој нема да може да одстапи Уште од самиот момент на прифаќање на преговори за името и идентитетот, Македонија се обврза на одстапки и се заради сервилната и погубна политика водена од тогашниот Претседател Киро Панчев Глигоров. Понатака се до ден денешен сите влади на Макеоднија преговараа и договараа за името и идентитетот, и со тоа се ставија во редот на предавниците на Македонскиот народ! Македонија има стручњаци по меѓународно право и во овој момент треба да се искористи нивното знаење и веднаш по едностраниот прекин на преговорите за името од наша страна да се употребат механизмите на ООН, кои согласно повелбите кои самите ги имаат изгласано,веднаш треба да ја преименуваат одлуката и да ја признаат Македонија под нејзиното Уставно и вековно име!

 

2) ВРАЌАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ-СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ ЗА ДРЖАВНО ЗНАМЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Сонцето како народен симбол на Македонија и Македонците има долга историска традиција. Тоа било официјален симбол на древномакедонското царство и македонската кралска династија Аргеади на која припаѓале најпознатите македонски цареви Филип и Александар Македонски. Познатата Ѕвезда од Кутлеш која симболизира сонце со 16 зраци била пронајдена на ковчег на кралската гробница на Филип Македонски, а исто така сличен приказ со помал број на сончеви зраци се пронајдени и на бројни борбени штитови кај гробницата во Старо Бонче и други места ширум Македонија. Сонцето е присутно и во народното творештво односно во голем број умотворби како песни, приказни, потоа во градителството и уметноста на фасади и внатрешноста на куќите, цркви, фрески, икони, а било присутно како симбол и во национално-ослободителната борба и движење. Во периодот од 1992 до 1995 година, како симбол за знамето се употребувала ѕвездата од Кутлеш, што довело до масовни протести во Грција, поради наводните „ексклузивни права“ на користење на симболот од грчка страна. Првиот предлог за знаме на Македонија, односно Ѕвездата од Кутлеш, била поднесена до собранието на 6 август 1992 година. Денес ова знаме е македонско национално знаме и го користат македонските заедници и организации во Македонија, соседните држави и странство. Се забранува употреба на знамиња на туѓи држави на цела територија на Република Македонија!

 

3) СТАВАЊЕ НА ЗЕМСКИОТ ГРБ, ЗЛАТНО ЖОЛТ ЛАВ СО КРУНА НА ГЛАВАТА, НА ЦРВЕН ШТИТ, ЗА ДРЖАВЕН ГРБ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Грбовите на Македонија се едни од симболите на македонскиот народ и македонската држава. Низ историјата постоеле различни видови и дизајни, но сепак голем дел од македонските грбови како главен мотив го имаат македонскиот златен лав. Македонските земски грбови можат да се пронајдат во голем број средновековни грбовници кои датираат од околу XV век па сè до денес. Како карактеристика за македонската херладика е користењето на мала круна на главата на лавот, голема круна над штитот, користење на германски штит и жолта боја за лавот и црвена за штитот. Како и да е, поради грешка на некои средновековни хералдичари, има мали отстапки при дизајнот на македонскиот грб, кои сепак не влијаат на симболиката на истите. Над грбот оригинално има лента со натпис „цимери македонске земле“ или „грб на македонската земја“, а под грбот лента со натписот „Macedoniæ“ (латинското име на земјата, во генитив, „на„ Македонија. Грбот е составен од црвен германски штит со златен исправен лав. Над лавот има мала, а над штитот голема златна круна. Македонскиот грб од 1614 година е составен од златен исправен лав со круна на главата и со две опашки поставен на црвен варјашки штит. Над штитот има златна круна украсена со дијаманти. Овој грбовник е базиран на постар грбовник од XVI век.

 

4) СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИС ! РЕВИЗИЈА И ПОНИШТУВАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗДАДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА НА АЛБАНЦИ ОД КОСОВО И АЛБАНИЈА !

Поради се што е направено на штета на Македонија од страна на сите кои беа на власт, нередовното спроведување попис,како и последниот кој беше стопиран, а неопходна е реализација на иститот под апсолутен мониторинг заради оневозможување на фалсификати, почнувајќи од процентуалната застапеност на мацинствата (посебно албанското). Во време на Киро Панчев Глигоров како Претседател, Бранко Црвенковски како Премиер и Љубомир Данаилов Фрчковски како Министер за внатрешни работи, бесправно и спротивно на сите законски норми и регулативи на Албанци од Косово им се издадени околу 200.000 државјанства, заради нивни лични потреби и интерес и партиски калкулации. Тој чин представува промена на демографската слика во Македонија и тие државјанства се 10 % од вкупниот број на жители во Македонија. Тој чин е злосторство и ЕТНОЦИД спрема сопствениот Македонски народ и истите треба да одговарат и нивните имиња да бидат ставени на зидот на срамот заради предавство на Македонија и Македонскиот народ! Подоцна,после нападот на државата и фингираната војна, истите тие 10% плус кои веќе беа вметнати, беа искористени како адут за потпишување на срамниот Охридски Рамковен Договор, односно КАПИТУЛАЦИЈА на Македонија, каде лежат потписите на Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски! Од тие причини, потребно е да се изврши ревизија и поништување на таквите државјанства, како и веднаш спроведување на ПОПИС после тоа и да се реши тоа прашање еднаш засекогаш! Избегнувањето на спроведување на попис од страна на Македонските политички партии е само заради фактот дека со тој попис ќе излезе на површина дека бројката на Албанското малцинство во Македонија за цело време е фингирана, а со тоа некои си земаа за право да потпишуваат капитулации и штетни договори во име на државата,како и дека сите избори од 90-та навака се лажирани, затоа што со фингирани бројки на процентуаланта застапеност на Албанското малцинство се даваше погрешна слика,а и избирачките списоци беа фабрикувани и фалсификувани! Потребно е поништување на сите издадени државјанства на Албанците од Косово и Албанија, спроведување попис и после тоа со добивањето на реалната бројка која не е повеќе од 12-13% Албанско малцинство во Македонија, по автоматизам да паднат и да бидат поништени Рамковниот договор, Пржино 1 и 2,како и сите изборни реззултати, ладини коалиции и законски нормативи и акти носени од нив,а сите кои биле учесници во истиот фалсификат да бидат земени на одговорност!

 

5) РЕВИЗИЈА НА СИТЕ ШТЕТНО ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ВО ИМЕ НА ДРЖАВАТА ОД 1990-ТА ГОДИНА НАВАКА И НИВНО ЕДНОСТРАНО ПОНИШТУВАЊЕ!

Прифаќањето на привремената референца за името, ставените потписи таму како и прифаќањето на преговори за името,актот за смена на државното знаме -Сонцето од Кутлеш,сите измени во Уставот од 1991-ва, каде од национален Уставот полека доби Граѓански терк и сите акти од сите влади кои се на штета на Македонскиот народ и држава треба да бидат веднаш и еднострано поништени! Во најмала рака треба да се врати Уставот од 1991-ва година, со бришење на терминот ГРАЃАНИ и заменување на истиот со ДРЖАВЈАНИ. Како основа за Устав на Република Македонија треба да биде земен АСНОМ-скиот МАНИФЕСТ.

 

6) РЕВИЗИЈА НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ,КАКО И КУПОПРОДАЖНИТЕ ДОГОВОРИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ, ПРОДАДЕНИ НА СТРАНЦИ!

Потребно е да се изврши комплетна ревизија на приватизацијата на општествениот капитал, криминал кој беше направен во времето на Бранко Црвенковски. Општествените фирми кои беа градени со труд и пари од народот беа буквално разграбени и веднаш после тоа откупени од луѓе блиски до Црвенковски. Работниците,народот беа исфрлени на улица како технолошки вишок, фирмите беа ставани во стечај и под ликвидација за да покасно истите со украдените и испумпани пари од фирмите, за багателни цени станаа газди на истите фирми! Колкав е бројот на жртвите од транзицијата допрва ќе се утврдува и сите, пооделно по општини, кои учествуваа во грабежот на фирмите,кои го избркаа народот на улица,ќе бидат земени на одговорност и ќе одговараат пред законот за направениот криминал и злосторство спрема Македонскиот народ!

 

7) ПОНИШТУВАЊЕ НА РАМКОВНАТА КАПИТУЛАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И НА ДОГОВОРИТЕ ОД ПРЖИНО!

Рамковниот договор,кој е потпишан под притисок од надвор и кој представува ништо друго освен капитулација на Македонија,со кој се тврди дека Албанското малцинство во Македонија е 23,7%, без да биде спроведен попис, а имајќи во предвид дека Албанското малцинство нема учествувано на ниту еден попис досега, по автоматизам престанува да важи. Како што е наведено во предхофните точки,само со комплетна ревизија на бесправно издадените државјанства, само со спроведување на попис,ќе се утврди нивната точна бројка. Ваквите фингирани договори потпишани и од Македонски политичари се само непријателски акт спрема државата и народот и истите треба дфа бидат поништени, а протагонистите во истите и оние кои ставаа потписи во име на народот и државата треба да бидат земени на одговорност! Истото се однесува и на договорите Пржино 1 и 2, кои се противуставни и наметнати однадвор! Сите протагонисти во истите договори исто ќе бидат земени на одговорност за потпишување штетни договори контра државата и Уставниот поредок, како и за сторен криминал контра Македонскиот народ и Македонија како држава!

 

8) РЕВИЗИЈА НА ИМОТИТЕ НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО ОД 1990-ТА ГОДИНА ПА НАВАКА!

Заради целиот криминал и незаконско богатење од позиција на власт, на сите кои на било кој начин учествувале во власт во Македонија ќе се донесе Закон со кој ќе се спроведе испитување на потекло на имотот,движен и недвижен, во земјава и во странство и за оние за кои ќе се утврди дека на незаконски и нелегален начин се стекнале со имот и финансии на сметка на народот и државата, ќе бидат процесуирани пред лицето на Законот и се што ќе биде утврдено дека го имаат стекнато на нелегален начин ќе им биде конфискувано и одземено во име на народот и вратено во буџетот на државата! Без исклучоци и без оглед кој каква функција вршел и на која позиција се наоѓал!

 

9) РЕВИЗИЈА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО,КАКО И СИТЕ АРТЕФАКТИ И ПИШАНИ ИСТОРИСКИ ДОКУМЕНТИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ДРЖАВАТА!сТАВАЊЕ КРАЈ НА ФАЛСИФИКАТИТЕ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА!

Бидејќи Македонското културно и историско наследство се распродаваше на сите страни, а со тоа се помагаше во фалсификатот на Македонската историја, ќе се донесе закон со кој сите артефакти и пишани историски документи кои се сопственост на Македонија, ќе се вратат во државата и како такви ќе истанат во сопственост на државата, како докза за нашето постоење, историја и култура! Ќе биде ангажиран тим од историчари и културни работници,кои заедно ќе работат на дефинирање и утврдување на сите ставови по овие прашања, заради утврдување на фактите и со докази сето тоа да биде приложено до МАНУ и државните институции, за да се направат сите потребни измени, посебно во учебниците по историја, со што лажните факти ќе бидат еднаш засекогаш исфрлени, а вистината за Македонија ќе биде вметната во учебниците и наставните програми, за да можат нашите деца да ја изучуваат вистинската сопствена историја и факти!

 

10) ЛУСТРАЦИЈА

Спроведување на максимална лустрација со која ќе бидат обелоденети имињата на сите соработници на ОЗНА,УДБ-а, КОС, КАКО И СОРАБОТНИЦИТЕ НА СИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ОД СОСЕДСТВОТО И ПОШИРОКО! Истите ќе бидат земени на тапет заради злосторство спрема Македонскиот народ, Македонија и борбата за Македонската кауза!

 

11) ВРАЌАЊЕ НА УКРАДЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРИ ВО ИМЕ НА НАРОДОТ ВО БУЏЕТОТ НА ДРЖАВАТА И ПОНИШТУВАЊЕ НА СИТЕ ЗАКОНСКИ НОРМАТИВИ И АКТИ ДОНЕСЕНИ ОД ПАРТИИТЕ,КОИ ПОТТИКНАА СИРОМАШТИЈА И БЕДА НА НАРОДОТ И ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ТОА ДА БИДАТ ИЗНЕСЕНИ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА!

Ќе се изврши комплетна ревизија на сите економски текови, законски акти донесени од владите на Република Македонија,вклучително со криминалната приватизација на општествениот и народен капитал и за сите кои ќе биде утврдено дека земале незаконски народни пари, се богателе противправно, ќе бидат процесуирани пред лицето на правдата,а сите пари,движен и недвижен имот со кој се стекнале ќе биде одземан,национализиран во име на државата и вратен во буџетот на државата.Истите ќе одговараат заради злосторство спрема Македонскиот народ и злосторничко здружување против државата!

 

12) УКИНУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА,КАКО ПРАВНО СРЕДСТВО ЗА АМНЕСТИРАЊЕ ОД КРИМИНАЛ,СТОРЕН ОД ПОЗИЦИЈА НА ВЛАСТ!

Аболицијата како правно средство ќе биде укината и со тоа ќе се поништи можноста институцијата Претседател на Република Македонија,да амнестира и помилува заради сторен криминал од позиција на власт! Примерот на Бранко Црвенковски со Зоран Заев и примерот на Ѓорге Иванов со едностраната аболиција на 54 лица за кои имаше основано сомнение дека имаат направено криминал од позиција на власт е доволна причина за овој потег!

 

13) ПОНИШТУВАЊЕ НА АМНЕСТИЈАТА НА УЧК И НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ЗАКОНОТ И ПРАВДАТА ЗА ЗЛОСТОРСТВО СПРЕМА ЧОВЕШТВОТО И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД,КАКО И ЗА АГРЕСИЈА ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИВНО ИСФРЛАЊЕ ОД РЕДОВИТЕ НА АРМ И МВР,КАКО И ОД СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ!

Ова треба да се спроведе веднаш и сите кои учествуваа во нападот на државата, убиваа Македонски синови и ќерки,палеа, треба веднаш да бидат апсени и спроведени пред лицето на законот заради тероризам и напад на државата. Партиските коалиционерски калкулации и пазарења ќе бидат забранети со партии кои произлегоа од УЧК и сите кои биле во УЧК, макар и како логистика ќе бидат санкционирани и мора да сносат одговорност за се што направија. Истите мора да бидат санкционирани, а не како што направија оние кои коалицираа со нив и кои беа на власт да ги наградуваат за сторените злосторства спрема Македонскиот народ и држава! Истите ќе бидат исфрлени од редовите на АРМ и МВР,како и од сите други безбедносно разузнавачки струјтури на државата,затоа што истите се оние кои ја напднаа државата и убиваа!

 

14) НОСЕЊЕ НА ЗАКОН ЗА БРАНИТЕЛИТЕ СО КОИ НА ИСТИТЕ ЌЕ ИМ СЕ ДАДАТ ПОСЕБНИ ПРАВА,ЗА ЗАСЛУГИ ЗА ОДБРАНА НА ДРЖАВАТА!

Сите кои беа во одбрана на државата,без оглед дали биле припадници на АРМ, МВР или нивните резервни состави, треба да им бидат дадени посебни права, за заслуги во одбрана на државата! Фамилиите на сите погинати за време на воениот конфликт, треба да имаат посебен третман од државата и приоритет и стипендии и за школување и за вработување!

 

15) УКИНУВАЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ ПАРТИИ НА МАЛЦИНСТВАТА! ДОКОЛКУ САКААТ ДА ЧЛЕНУВААТ ВО ПАРТИЈА,СЕ ДОЗВОЛУВА ДА ЧЛЕНУВААТ ВО ДРУГИ ПАРТИИ!

Веднаш да се донесе Закон со кој се забранува на малцинствата да имаат етниччки партии на територија на Репунлика Македонија! Доколку сакаат да се занимават со политика има доволно законски простор и рамки во законската регулатива за тоа! Македонија е парламентарна демократија, а не бинационална држава! Со оглед на искуството досега и сите законски пропусти на владејачките гарнитури и партии, овој закон треба да се донесе веднаш и со тоа да се стави крај на сите закани и уцени од страна на малцинствата!

 

16) НОСЕЊЕ НА ЗАКОН СО КОЈ ЕДИНСТВЕНО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НЕГОВОТО КИРИЛСКО ПИСМО СЕ СЛУЖБЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Македонија е држава на Македонскиот народ! Малцинствата кои живеат во неа си имаат матични држави и тука се става крај на секакви мешетарења по однос на употребата на јазиците! Единствено и само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјални во Македонија! Ова значи дека на секој пишан акт и документ се употребува само Македонскиот јазик и писмо. Припадниците на малцинствата, кои не го познаваат Македонскиот јазик, ќе бидат пратени на чколување, доколку тоа не го сакаат, ќе бидат протерани во нивните матични држави, па таму нека си зборуваат и пишуваат на нивниот мајчин јазик!

 

17) ФОРМИРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ИСЕЛЕНИЦИ, КАКО И ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ГЛАСАЊЕ ЗА ИСЕЛЕНИЦИТЕ! ДА СЕ ВОВЕДЕ ГЛАСАЊЕ ВО ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ КАДЕ ШТО ЖИВЕАТ,ПОД НАДЗОР НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБИ АНГАЖИРАНИ ЗА ТОА!

Веднаш да се формира Министерство за иселеници и дасе поведе максимална грижа за МАКЕДОНЦИТЕ РАСЕЛЕНИ ПО СВЕТОТ! На сите Македонци по род и по крв по автоматизам да им се издаде Македонско државјанство и Македонска патна исправа! Гласањето на Македонците во страство да се спроведе во најблиските нивни Црковни општини каде живеат, под контрола на изборни комисии кои ќе бидат одредени од страна на државата! Сегашниот модел на гласање во конзуларните претставништва е докажано неквалитетно решение и мора да се поништи!

 

18) ОБНОВУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК ОД 6 МЕСЕЦИ ЗАРАДИ ОБНОВУВАЊЕ И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ БЕЗБЕДНОСНО-ОДБРАМБЕН СИСТЕМ! 

Обврзително да се врати служењето на воениот рок,на 6 месеци до 1 година заради формирање на воено безбедносна структура, која ќе врши воено тактичка обука на Македонските синови. Со тоа би се создала редовна регуларна армија од најмалце 10.000 војска секогаш спремна и физички и тактички оперативно да ја брани државата! Истото подразбира по автоматизам и обнова на материјално техничките средства на војската,оперативниот систем, како и создавање кадри за военото разузнавање! Искуствата и од блиското минато,а и од подалечното ни покажаа дека Македонија секогаш мора воено и безбедносно да биде спремна на највисоко можно ниво!